На 9 и 10 септември во Маглај, Босна и Херцеговина ќе се одржат завршните фестивалски вечери ја педесеттото јубилејно издание на фестивалот Студентско лето.
Годинава на овој најстар музички фестивал во Босна и Херцеговина , доаѓаат учесници од Словенија, Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. Македонија ќе ја претстават четири млади музички имиња и тоа Јана Спирковска, Омар Џафероски и Иван Илиев од Скопје и Кристијан Демјански од Берово.
Маглај ќе ги угости изведувачите-дебитанти од сплитскиот, крапинскиот и охридскиот фестивал, од словенечкото и хрватското издание на шоуто Јас имам талент како и популарните емисии „А страна“ и „Тhe voice“. Од Хрватска Учество ќе земат и неколку пејачи од „Ѕвездите на гранд“ од Србија. Некои од изведувачите ќе настапат со авторски песни но, ќе бидат изведени и севдалинки, народни песни, домашни и светски хитови.
Сите изведби ќе бидат изведени во живо, а учесниците ќе ги придружува фестивалскиот орекстар под диригентство на проф. Амир Мухаремовиќ, кој заедно со Амил Ефендиќ ги направи аранжманите за фестивалскиот оркестар.
Студентско лето како фестивал на млади и неафирмирани пејачи на некогашна Југосавија, прв пат е одржан во 1964 година кога група млади студенти одлучува да создаде културна манифестација. Од 1997 година овој фестивал прераснува во манифестација со обемна културна програма која трае неколку месеци со ред и која завршува со две музички вечери на младите музички надежи.
Своите почетоци токму на овој фестивал ги направиле денес големите музички имиња како Жељко Самарџиќ, Слаѓана Милошевиќ, Марија Михајловиќ, Лепа Брена, Северина и други. Водители на фестивалот досега биле најзнаменитите југословенски имиња од новинарската фела како Оливер Млакар, Миќа Орловиќ, Зоран Капетановиќ, Милован Илиќ Минимакс.
Членови на жирито биле познатите Исмет Арнауталиќ, Јован Адамов, Костадин Костадиновски, Мојмир Сепе, Гертруда Мунитиќ, Хана Чизмиќ и многу други.
-И додека многу фестивали во регионов и земјава, згаснаа, овој фестивал со половина век традиција, продолжува да ги живее своите ѕвездени мигови-вели Бенјамин Хасаниќ, професор по музичка уметност и член на фестивалскиот одбор на Студентско лето.
Во Маглај на Студентско лето патуваат четворица македонски претставници
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.