Во Битола, зајакнува независната музичка сцена

Веб страна и промоција на музичките артисти, работилници и нови културни политики за независната музичка сцена во Битола.

Зајакнување на независната музичка сцена е мини проект на фестивалот „Локум фест-музика и традиција“ поддржан од партнерската мрежа на балкански фестивали MOST како дел од поголем проект поддржан од Creative Europa, а во соработка со КИЦ Битола. Тоа е еден од петте регионални мини проекти кои има за главна цел зајакнување на капацитетите на независните музички артисти, нивно мапирање, поддршка и промоција и креирање на подобри локални културни политки за оваа целна група. Во рамките на овој мини проект ќе биде подогната и веб страница за независната музичка сцена на Битола, ќе се оддржат работилници за музички менаџмент и градење културни политики во овој сегмент.

Прв од овој сет на активности е работилницата за музички „букинг“ со музичарот Сашо Поповски. Наскоро ќе следат и работилници за промоција, продукција и настапи во живо.

„Како до успешен букинг“ со Сашо Поповски

Сашо Поповски е музичар кој сеуште го живее сонот од младоста – на сцена со гитара во раката! Од почетоците со рок групата Фаџ, преку љубовта кон блуз музиката и клубските свирки, до Магистер и Редовен професор на Универзитето Гоце Делчев – Штип (џез оддел) , денес е еден од нај реномираните – активни џез гитаристи кој настапил на бројни Европски фестивали. Снимил шест албуми , го основал и успешно го води единствениот џез фестивал во Битола Jazz Factory Festival веќе 6 години.

05/05/23 Кино Манаки – КИЦ Битола 18.00 ч. Влез слободен

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.