По успешното минатогодишно, Прво издание на Фестивалот “Taste The South- ВКУСИ ГО ЈУГОТ” во Гевгелија, Општина Гевгелија го најавува неговото второ издание. Овој пат, одржувањето ќе биде на паркингот на новиот пазар „Сава Михајлов“,во периодот 13 , 14 , 15 септември, 2024 година.
Вкусна домашна храна, пијалоци и специјалитети од југот на Македонија ќе бидат достапни за дегустирање низ богата културно-уметничка програма.
На 13 септември, програмата ќе ја отворат КУД „Танец“ од Миравци, настапувајќи со традиционални игри од својот репертоар, со почеток во 19:00 часот. Во 19:45 часот, гевгеличани, како и другите гости ќе ги забавуваат локалното Трио „Хитс“, во состав на Момчило, Слободан и Марија. Фестивалџиите ги очекува и настапот на Дац и Александар, во 20:45 часот.
Атмосферата ќе ја подигне и Дејан Малзарков со своето stand-up шоу „Диверзија“, а неговиот настап ќе започне во 22:00 часот. По него, гевгелиската и македонска рок- група „Зијан“ ќе ги запеат своите музички хитови, со почеток во 22:15 часот.
За крајот, следи настапот на Ивица Стојановски- Фиц, некогашниот вокал и гитарист на скопската поп атракција од 90-тите „Студени Нозе“, заедно со својот бенд „Фиц енд Д’инвизиблс“, со почеток во 23:45 часот.
Гевгелија се вклучува на мапата на фестивалски градови во Македонија, а фестивалот “Taste The South – ВКУСИ ГО ЈУГОТ” во Гевгелија веќе станува еден препознатлив бренд на градот со голема перспектива да биде традиционален и регионален.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.