Овој викенд можете да одвоите барем за едниот ден помалку време зприготвување на ручек , за да можете покорисно да го поминете времето а сепак да направите нешто вкусно и нешто што не го правите секој ден.
Одберете тестенини по ваша желба, шпагети, макарони, равиоли и сварете ги на традиционалниот италијански начин. Исцедете ги и посипете ги со малку прегорен путер.
Купете микс од морски плодови и згответе ги на традиционален приморски начин, само со вода, која можете два пати да ја претурате додека убаво не омекнат. Настрана исецкајте ситно лук, морков и магдонос и во врел зејтин морските плодови и зеленчукот испржете ги.
Изрендајте или купете готов пармезан и сето тоа декорирајте го во чинии. Вкусно е нема што. А со тоа можете да се напиете чаша розе или бело вино, секако по ваш избор.
Пријатен ручек !