За овој викенд, пролетен ручек ако сте пропуштиле да го направите за време на Велигденските празници.
- од 1 јагне црн и бел џигер, сплина и срце
- ориз и компири по избор
- 1 врзоп младо кромидче
- 2-3 млади лукчина
- 6 – 7 лажици масло
- по вкус сол, бибер
Начин на подготовка
Откако ќе ги измиете дробот, ставете го да се вари. Кога ќе зоврие водата нека повари малку и го вадиме дробот од водата и го миеме..
Ќе го исечкаме ситно лукот и кромидот ,во тенџере ставаме зејтин и ги пржиме. За неколку минути го миеме оризот го ставаме и промешуваме додека оризот не стане стаклен.
Го сецкаме дробот на ситно и додаваме црн пипер и сол.Се промешува и на крај додаваме две чаши од водата во која го варевме дробот .
Се остава да вари додека водата не се спои со смесата. Готовата смеса ја тураме во тава и одозгора ставаме сматени јајца и кислео млеко.
Ја ставаме во рерна и по 20-тина минути имаме ВКУСНА ДРОП САРМА!
Можете да ја јадете со зелена салата или пак едноставно со кисело млеко!
Пријатен викенд ручер!