Ви го претставуваме Стефан Петановски- пленува со модерен прогресивен звук

Стефан Петановски е ултраталентиран гитарист, артист и композитор од Скопје, Македонија. Неговиот стил најдобро може да се опише како спој од различни жанрови меѓу кои рок, метал, џез, фјужн, сепак задржувајќи го модерниот прогресивен звук.
Настрана од гитарата, негова голема пасија претставува компонирањето, од каде произлегува основата на неговата инспирација.
Тој посветува голем дел од времето работејќи во полето на продукција и микс а во 2020 година се здобива со диполомата „The Advanced Complete Cubase Course“.
Во 2019 година, Стефан започнува соработка со JST (Joey Sturgis Tones) за кој тој создава песни а исто така го работи миксот и мастерот на истите.
Исто така Стефан е ко-автор и продуцент на песната „Haya“ од Ана Петановска, која се најде на листата топ-10 хитови на повеќе радио станици низ земјата.
Тој е професор во музичкото училиште Enterprise каде предава на отсекот – гитара од 2018 година.
Низ годините, тој учествува во голем број проекти и бендови, меѓу кои: Spectrum (во чии состав го издава албумот “Hiraeth”), бендот на Дамир Пух како и Chromatic Point каде гостува на нивниот албум “За металцките работи”.
Заедно со бендот Station: Innermost го издаваат нивното прво CD издание “Exposure” во 2019 каде гостува и истакнатиот клавијатурист Derek Sherinian.
Во текот на 2020 и 2021 издаваат поголем број на синглови меѓу кои се и „The Light“, „Four And a Half Minutes Away“ и „My Only One“.
Во 2022 година настапуваат на поголем број фестивали и настапи меѓу кој најистакнати се настапот на Spitfire festival во Приштина, Косово како и настапот како предгрупа на бендот Deep Purple во Арена Борис Трајковски во Скопје.
Во 2019, Стефан го издава својот прв соло албум “Architect of Reality” и со тоа го бележи почетокот на својот соло проект.
Неговиот втор соло албум наречен Eros е издаден на 10. Март 2021 година
Станува збор за концептуално парче музика со голема доза на експериментирање во кое тој имплементира различни, непредвидливи звуци и стилови со што продолжува да ја пробива својата музичка комфорт зона.
На вториот албум учествуваат истакнати индивидуалци од полето на музиката и уметноста како што се: Eric Gillette (The Neal Morse Band, Mike Portnoy’s Shattered Fortress), John Waugh ( Plini, 1975) и Natacha Einat (Skip Closer).
На 10. Март 2022 година, Стефан го издава документарниот филм “Тhe Мaking of Eros” во кој преку видео записи и интервјуа го објаснува процесот на создавањето на самиот албум “Еros”.
Премиерата на документарниот филм се одржува во МКЦ- Кино Фросина во Скопје.
Во 2023 година, Стефан заедно со својот бенд настапуваат на визбудливи фестивали во државата како што се Бела Ноќ и ВиноСкоп каде изведуваат голем дел од соло дискографијата на Стефан, и прави таков спој со публиката која веќе наголемо открива за каков исклучителен талент станува збор.

Website:

Home


EPK:

Electronic Press Kit


Linktree:
https://linktr.ee/stefanpetanovski
Instagram:
https://www.instagram.com/stefanpetanovski/
YouTube:
https://www.youtube.com/stefanpetanovski

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.