Прва песна, прва среќа: “Ветив”, деби сингл на Вито Славевски

17.07.2024

Најновата песна на македонската музичка сцена е со наслов “Ветив” и веќе деновиве одекнува од Јутјуб каналот и некои радио станици низ земјава.

Неа ја изведува Вито Славевски, кој е композитор на мелодијата, снимена на текст на Огнен Неделковски и аранжман на Марко Дениќ. Тематиката е љубовна, а музички спаѓа во жанрот поп- рок.

-Песната ја посветувам на својата сопруга Силвана, ќе рече Вито, долгогодишен член на бендот “Еуфорија” од Пробиштип, на кому ова му е прв соло сингл.

Време е за соло пробив, за соло кариера и за нови љубовни ноти, е запишано во агендата на пејачот, кого македонската публика го запозна и по настапите на Тв Пинк во шоуто “Никад није касно”, а за сѐ што следува нема граници, впрочем светот на музиката не постои димензија време и возраст, ако си роден за песна.

Соништата се остваруваат кога- тогаш доколку работиш на нив, и секогаш е вистинско време.

А, тоа што се ветило, првенствено себе си, мора да се исполни, со полна енергија и многу надеж за сегашноста и за иднината.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.