Ретко се случува да сретнам текст или репортажа за место за кое воопшто не сум знаела а е толку интересно и привлечно, секако за посета. Овој пат тоа е градот Ла Ринконада (La Rinconada) кој е глобален феномен- тоа е град кој е “најблиску до Космосот
“. Ова место , кое се наоѓа во Перуанските Анди на 5100 метри надморска височина и ја добил ознаката “пекол на Земјата”.
Тоа е највисоката населба во светот се наоѓа на 5.100 метри надморска височина и така е 300 метри повисоко од врвот Монт Блан. Заради оваа надморска височина, климатските услови се послични како со оние од западниот брег на Гренланд, отколку со другите места оддалечени на само 14 степени од Екватор.
На оваа екстремна височина, атмосферата е многу ретка, а очекуваниот животен век е 35 години. Локалното население живее само со 50% од нормалното ниво на кислород. Меѓутоа нивните тела еволуирале и произведуваат двојно повеќе крвни станици од другите.
Многу рудари работат во рудникот за злато, каде постои систем- 30 дена работата без плата, а еден ден можат да работат за себе. На овој ден можат да понесат со себе онолку руда колку што можат да стават на својот грб.
Градот нема водовод и канализација а исто така е многу загаден. Голем здравствен проблеми имаат луѓето заради големата надморска височина а кај нив се јавува т.н хипоксија, која според истражувачите ја допира најмалку 25 % од популацијата. Проблем има и со загадување од жива, а во градот постои само една мала клиника.
Погледнете го прекрасниот документарец на Јутубе.
Извор: https://n1info.ba/
Превод: Татјана Гогоска