Вечерва во рамки на Лето на тетовска култура“-„Ноќ на различностите“

Во рамки на „Лето на тетовската култура“ вечерва се одржува „Ноќ на разноличноста“ со настап на изведувачи на македонски и албански јазик. Изведувачите ќе настапат на отворено на градскиот плоштад во Тетово со почеток во 19 часот.

– Претставници од групи и друштва кои настапуваат на македонски јазик „Тетовски тамбураши“, Балетско студио „Менада“, фестивал „Јаболчиња“ и културно уметничко друштво „Свети Сава“. Претставници на албански јазик се КУД „Дрита“ од Сарај и КУД „Јехона е Малезис“ од Тетово, информира Јетон Пустина, од организацијата на „Лето на тетовската култура“.

Преостануваат да се одржат настани како дел од „Лето на тетовската култура“ уште во следните три дена.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.