Вечерва “Најдоброто од Копров”

Во Националната опера и балет вечер, 4 јули 2024 година, во рамки на „Скопско лето“ ќе се одржи концертот „Најдоброто од Копров” со гласот на талентираната млада пејачка Ана Петановска.

Ќе бидат изведени најголемите хитови компонирани од овој прославен автор како што се „Лиду ду“, „Остани во мене“, „Не зори зоро“, „Не допирај ме“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Анушка“ и многу други.

Покрај Ана Петановска ќе настапат и пејачите- гости Владо Јаневски, Наде Талевска, Горан Наумовски и Денис Димоски, а во придружба на Камерен оркестар.

Организатор е Дирекцијата за култура и уметност- Скопје, музички продуцент на настанот е Давор Јордановски.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.