Во рамки на 43-тото издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2022 на 23 јули ќе се одржи концерт на групата „БАКЛАВА“ – „ЗА СКОПЈЕ СО ЉУБОВ“.
Елена Христова (Елена Баклава ) е пејачка, музичар, композитор, истражувач и документрист. Позната е како творец и изведувач во својот матичен бенд Баклава, но и по многубројните проекти како член на бендот Баба Зула од Турција, бендот Бекјард Џез оркестра, коавтор на проектот Биоскопија со Горан Трајкоски и соработник во многу проекти и бендови како во Македонија и Турција кои се нејзини живеалишта, така и ширум светот.
За Скопје со љубов е музичка разгледница во која таа ги опејува убавините и ги раскажува приказните на својот роден град Скопје. На сцената на (Сули ан- Куршумли ан), таа ќе изведе компллетно нови песни посветени на градот Скопје и низ приказни и фотографии ќе го сведочи нивното создавање.
Билетите ќе бидат во продажба со цена од 200 денари.
Вечерва “Баклава” на Скопско лето 2022
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.