Утре, по 17.пат “Бела ноќ” во Скопје

24.септември.2021,Скопје

Оваа сабота се организира „Бела ноќ“ по 17-ти пат, а граѓаните ќе имаат можност да уживаат во културно-забавната програма на 13 локации низ Скопје.
Скопје и скопјани ќе имаат можност повторно да бидат дел на едно уникатно културно доживување, на веќе традиционална „Бела ноќ“.
Многубројните уметници што ќе им се претстават на граѓаните со концерти, изложби, кино проекции и други културни перформанси на 13 локации ќе го претворат Скопје во центар на културните случувања во државата.
Поради состојбата со пандемијата со КОВИД 19, „Бела ноќ“ и годинава, како и минатата година се одржува една недела порано од предвиденото.
Официјалната програма на „Бела ноќ“ ќе започне утре, 25 септември, сабота, во 19. часот и ќе трае сѐ до полноќ, а поради состојбата со коронавирусот, работното време на локалите ќе остане исто, односно нема да работат во текот на целата ноќ.
Сите настани ќе се одвиваат според протоколите предвидени од Министерството за здравство, на сите локации ќе биде поставена редарска служба и при влез во локацијата посетителите ќе треба да покажат потврда за вакцинација.
Повеќе детали околу програмата може да најдете на следниот линк
https://www.belanok.com/home

Атмосфера Бела ноќ

БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ И НОЌНИ ЛИНИИ ЗА ВРЕМЕ НА „БЕЛА НОЌ 2021“

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021“, а во функција ќе бидат и дел од ноќните линии (2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В).

Бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, сабота (25.09.2021 год) од 18 часот до 05 часот во недела (26.09.2021 год).

Ноќните линии ќе сообраќаат во недела (26.09.2021 год) со следниов возен ред.

ЛИНИЈА 2 (Автокоманда – Сарај)
▪️Поаѓање од Автокоманда 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч
▪️Поаѓање од Сарај 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 5 (Дексион – Ново Лисиче)
▪️Поаѓање од Дексион 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч
▪️Поаѓање од Н.Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 7 (Карпош 3 – Горно Лисиче)
▪️Поаѓање од Карпош 3 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч
▪️Поаѓање од Г.Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 22 (Тр.центар – Лепенец)
▪️Поаѓање од Тр.центар 00.15 ч, 02 ч, 03.15 ч
▪️Поаѓање од Лепенец 01.25 ч, 02.40 ч, 04.10 ч

ЛИНИЈА 24 (Припор – Тафталиџе 2)
▪️Поаѓање од Припор 01 ч
▪️Поаѓање од Тафталиџе 2 00.15 ч

ЛИНИЈА 41 (Тр.центар – Д.Лисиче)
▪️Поаѓање од Тр.центар 00.20 ч, 01.45 ч, 03.15 ч
▪️Поаѓање од Д.Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 03.50 ч

ЛИНИЈА 50 (Кл.центар – Хиподром)
▪️Поаѓање од Кл.центар 00 ч, 02 ч, 03 ч
▪️Поаѓање од Хиподром 01.30 ч, 2.30 ч
ЛИНИЈА 57 (Козле – Радишани)
▪️Поаѓање од Козле 00.15 ч, 01.30 ч, 03 ч
▪️Поаѓање од Радишани 00.55 ч, 02.15 ч, 03.35 ч

ЛИНИЈА 65 В (Тр.центар – Стајковци)
▪️по траса на линија 5 во 00.10 ч од Рекорд до Н.Лисиче
▪️Поаѓање од Тр.центар 00.45 ч до Стајковци
▪️Поаѓање од Стајковци 01.20 ч до гаража во Автокоманда

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.