LСкопје, 20 ноември 2022 година
Минатиот викенд во Скопје се одржа модна недела. Младата ТВ водителка Ева Јовановски мината недела имаше двојна улога- и снимаше материјали за своите прилози и настапи како манекенка. Да биде дел од најголемиот моден настан во нашата земја Skopje Fashion Festival во кој што најпознатите македонски и странски брендови ги прикажаа своите најнови колекции, таа го чувствува за голема привилегија.
На впечатлив начин отвори една од модните ревии, затвори друга, а учествуваше на повеќето, чекорејќи по возбудливите модни писти.
Јас бев единствен водител и новинар кој учествуваше на скопскиот моден фестивал напоредно и во улога на манекенка и како новинар. Прв пат зедов учество на овој фестивал а искуството е прекрасно, нешто поразлично од другите мои настапи и водителството. Не сум прв пат на пистата, но тука се чувствував посебно бидејќи настанот пробуди голем интерес кај луѓето така што беше следен од голем број на луѓе, и доста јавни личности, па многу е важно како ќе ја реализираш обврската која ти е дадена- во случајов достојно да го претставиш брендот кој што го носиш. Возбудливо искуство, по завршување на ревијата веднаш од манекенка се преобразував во новинар, земајќи изјави од дизајнерите и организаторите на овој настан. На самиот крај би потенцирала дека Skopje Fashion Festival е врв на модата во Македонија, беспрекорна организација на највисоко ниво со спазување и потенцирање на секој детал. Сите пофалби до Милан Атанасов и Ангелина Китановска, ни докажаа дека идеалното не е само збор, ни откри таа за ов ова свое искуство.
Ева, годинава, како претставничка на Модното студио “Црнокрак” на Интернационалниот избор за женска убавина MISS TOURISM UNIVERSE во Бејрут освои две титули: Miss TEEN, како најдобра во конкуренција на девојки до 19 години, и титулата 6. придружничкa (6th runner up) вкупно, во конкуренција на 30 учеснички, од исто толку држави од целиот свет. Таа е и танчарка и балерина, модел и манекенка, и има освоено повеќе титули за убавина. Дел е од тимот на емисијата “Бејстејџ”.