8.09.2024
Како пригодна музичка програма по повод 8 Септември, Денот на Републиката, вечерва од 20 часот на интернет на каналот Балкан мјузик Тв гледачите ќе може да го погледнат веселиот фестивал на шегобијни песни “Тумба фест 2024” кој се одржа на 29 август на Плоштадот во Куманово.
Не него беа испеани 19 нови, а вкупно со наградени од минатите години 21 песна, на повеќе дијалекти.
Фестивалот доби заслужена медиумско внимание и пофалба за песните кои беа селектирани во програмата и изведени од домашни естрадни ѕвезди и гости од соседна Србија и Бугарија.
***
Фестивалот ги содржеше следниве песни:
– “Ех да можам”- Вања Најденова (Бугарија)
– “Единец”- Круме Спасовски
– “Удри бригу на весеље” – група “Династија”
– “Миро мори Мирке”- Љупчо Јовановско- Бубе
– ”Куманово ти намини”- Боге Стојановски Дилиндарац
– “После свадба тапани”- Лени Партикова
– “Неста ресенска”- Ташко Каранфиловски и ” Астра бенд”
– “К’д ќе дојдеш у Куманово”- Маргица Антевска
– “Нејќам да сум стара мома”- Елеонора Ели Божанова (Бугарија)
– “Таса Тасула”- Петар Нечовски
– “Еј кафано ти ми беше сѐ”- Благица Павловска
– “Ама памет не дојде”- Нино Величковски
– “Ај да се пресрамимо”- Ирена Спасовска и Цане Петров
– “Со душа живот украси”- Ѓоко Ѓорчев и Јованка Јо
– “Љубел Петко многу жени”- Влатко Миладиновски
– “Еј мори Јовке Кумановке”- Бранимир Стошиќ- Каце (Србија)
– “Министерка”- Катерина Брезева и “Соната”
– “Дојранска”- Љупчо Бубо Каров и “Трио Гранде плус”
“ТУМБА ФЕСТ”
Формиран е во 1995 година, постоеше до 2000-та, потоа направи голема пауза до 2019, и оттогаш е повторно возобновен.
Фестивалот годинава се одржа и како третата вечер од Кумановско културно лето, под покровителство на Градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на Општина Куманово, а во организација на Здружението “Етно Ризница”.
Директор на фестивалот е Драган Јаким.
Годинава во рамките на фестивалот во Занаетчискиот дом беше промовирана книгата “Голем мераклија”, со 50 текстови досега испеани на овој фестивал, од легендарниот радио водител од Куманово Боби Петковски, а насловена според најславната песна од “Тумба фест”, која веќе е и обнародена.
Валентина Ѓоргиевска Парго
Фото: Далибор Стефановски