Куманово, август 2024
На 29 август 2024 година се одржа 12-ти Фестивал на хумористична народна песна “Тумба фест”, на кој беа изведени 19 нови хумористични песни, и бес испеани уште две од поранешни фестивали- “Цел ноќ ти се к’лну Гинче” со дуетот Маргица Антевска и Ристо Краповски кога ги добија наградите за животно дело, како и “Ожени се сине” со Влатко Алексовски, како наградена за најпопуларна песна меѓу двата фестивала.
На овој фестивал на македонска народна шегобијна песна се изведуваат песни на кумановски дијалект, но и на други дијалекти, годинава на: дојрански, преспански, охридски, кавадаречки, валандовски, кривопаланечки.
Настапија познати македонски пејачи, а имаше и гости од Србија и Бугарија.
Годинава во рамките на фестивалот во Занаетчискиот дом беше промовирана книгата “Голем мераклија”, со 50 текстови досега испеани на овој фестивал, од легендарниот радио водител од Куманово Боби Петковски, а насловена според најславната песна од “Тумба фест”, која веќе е и обнародена.
Формиран е во 1995 година, постоеше до 2000-та, потоа направи голема пауза до 2019, и оттогаш е повторно возобновен.
Фестивалот годинава се одржа и како третата вечер од Кумановско културно лето, под покровителство на Градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на Општина Куманово, а во организација на Здружението “Етно Ризница”.
Директор на фестивалот е Драган Јаким.
Фестивалот ги содржеше следниве песни:
– “Ех да можам”- Вања Најденова (Бугарија)
– “Единец”- Круме Спасовски
– “Удри бригу на весеље” – група “Династија”
– “Миро мори Мирке”- Љупчо Јовановско- Бубе
– ”Куманово ти намини”- Боге Стојановски Дилиндарац
– “После свадба тапани”- Лени Партикова
– “Неста ресенска”- Ташко Каранфиловски и ” Астра бенд”
– “К’д ќе дојдеш у Куманово”- Маргица Антевска
– “Нејќам да сум стара мома”- Елеонора Ели Божанова (Бугарија)
– “Таса Тасула”- Петар Нечовски
– “Еј кафано ти ми беше сѐ”- Благица Павловска
– “Ама памет не дојде”- Нино Величковски
– “Ај да се пресрамимо”- Ирена Спасовска и Цане Петров
– “Со душа живот украси”- Ѓоко Ѓорчев и Јованка Јо
– “Љубел Петко многу жени”- Влатко Миладиновски
– “Еј мори Јовке Кумановке”- Бранимир Стошиќ- Каце (Србија)
– “Министерка”- Катерина Брезева и “Соната”
– “Дојранска”- Љупчо Бубо Каров и “Трио Гранде плус”
Валентина Ѓоргиевска Парго
Фото: Далибор Стефановски
Медиумски покровител: