Триатлонот ги инспирира девојките и жените на сите нивоа!

Македонската триатлон федерација го претставува своето ново инспиративно видео, кое ја истакнува важноста и улогата на жените во триатлонот- од спортистки и судијки до тренерки и раководни фигури.

Ова видео ја слави нивната сила, истрајност, посветеност и лидерство, со цел да ги мотивира поголем број на девојки и жени да станат дел од триатлонската заедница.

Триатлонот е уникатен предизвик кој бара физичка издржливост и ментална сила, но истовремено нуди и извонредна можност за личен раст и постигнување.

„Триатлонот е повеќе од спорт – тој е простор за развој, лидерство и инспирација. Со ова видео, сакаме да ги охрабриме девојките и жените да ја препознаат својата моќ и да станат активен дел од нашата заедница.“ – велат од Македонската триатлон федерација.

Федерацијата, исто така, истакнува дека жените и девојките се значително помалку застапени од мажите, што е дополнителна причина да им се даде заслужениот медиумски простор и да се поддржи нивната видливост и учество.

Македонската триатлон федерација го претставува ново видео, кое ја истакнува важноста и улогата на жените во триатлонот. Оваа иницијатива има за цел да ги мотивира девојките и жените да се занимаваат со спорт во поголем број заради бројните бенефити.

 

 

Погледнете го видеото и приклучете се – никогаш не е доцна за нов предизвик!

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.