Трето издание на „Охрид трчаТ“ во недела на 2-ри јуни

Третото издание на спортската манифестација ” Охрид трчаТ“ ќе има рекорден број на учесници. Пријавени се 1585 натпреварувачи на 5 и 10 километарските трки, како и за тим билдинг трките во двете делници.

Kомплетниот тим кој стои позади проектот „Охрид трчаТ“ им се заблагодарува на сите пријавени и ги повикува оние кои не учествуваат во недела, на 2 јуни да излезат и да ги бодрат учесниците низ улиците на Охрид.

Програмата на Атлетскиот викенд започнува в петок на 31 мај со Ноќната трка.

Учеството за Ноќната трка од организацијата  најавуваат дека е бесплатна, а на целта ќе има концерт во живо и паста забава.

Подигнувањето на стартните пакети за учеството на атлетската манифестација ќе биде во сабота на 1 јуни од 9 до 20 часот на градскиот плоштад, информираат организаторите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.