На 6 декемви (среда) со почеток во 20.00 часот во големата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи Свечениот концерт по повод Денот на Факултетот за музичка уметност, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Концертот претставува една од централните воннаставни активности на факултетот, содржи стилски и жанровски богата програма изведена од студентите од речиси сите образновни профили. На концертот учество ќе земат мешаниот хор при ФМУ “Драган Шуплевски”, симфонискиот оркестар на ФМУ, камерниот оркестар “Солисти на ФМУ”,студенти од одделот за народни инструменти, студенти од одделот за популарни жанрови од класите на проф.д-р Драган Даутовски, проф.м-р Сашо Татарчевски, проф.м-р Борјан Цанев, вонр.проф.м-р Кирил Туфекчиевски, проф.м-р Иван Иванов, вонр.проф.д-р Андријана Јаневска, доц.м-р Гордан Спасовски, доц.м-р Зоран Костадиновски и уште многу сегашни и идни ѕвездени имиња од македонската музичка сцена. Програмата е составена од дела на Д. Шуплевски, А. Перт, С.Прокофјев, А. Глазунов, А. Пјацола, Д. Даутовски и К. Костов.
Влезот е слободен
Традиционален свечен концерт на ФМУ
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.