Младата пејачка Тијана Периќ со песната “Бумеранг” направи бум како дебитант на 38. издание на Макфест. Ја имаше честа да ја отвори ревијалната вечер и да импресионира со прекрасниот настап во придружба на танчерите од “Акваденс”, а облечена во прекрасна креација на Ива Спасовска.
Нејзиниот настап ѝ донесе пласман во првите пет, според оценката на жирито.
Настап на Макфест на младата пејачка ѝ беше една од остварување на целите, на сцената на која настапиле или блеснале многу најголемите македонски sвезди.
-Да се појавам на Макфестовската сцена за мене беше остварување на една од многуте музички желби и цели, затоа што тоа е сцена на која што настапиле најголемите македонски sвезди и настанале безброј македонски безвременски хитови. Мојот настап оваа година беше сосем спонтан, но мислам дека сето тоа го направи уште поинтересно целото мое искуство и ќе ми остане засекогаш врежано во мене. Покрај што настапив првата вечер, поминав во оние пет кои настапуваат и на ревијалната вечер и тоа беше навистина голема среќа затоа што бев одбрана од прекрасно жири и навистина ми беше чест, а уште поголема чест ми беше што бев прва и ја отворив ревијалната вечер и ја делев таа вечер сцената со веќе многуте познати музички имиња. Задоволна сум од својот настап во целина затоа што имав прекрасен тим позади мене кои помогнаа песната да звучи модерно и како што многумина луѓе кажаа “да не излезе од глава”, а воедно и сценски настап кој ќе се издвои и ќе биде претпознатлив и запаметен сам по себе, изјави Тијана.
Песната “Бумеранг” ја напиша Ефтимија Јованова, а во тимот за целосно подготвување на песната учествуваа и браќата Јован и Иван Јованови. Спорот за песната го направи Александар Ристовски Принц.
Тијана вети дека и во иднина повторно ќе пее на Макфест. Зад себе има две балади “Писмо” и “Сонувам”, а својата следна песна со видео запис ја најавува за почетокот на декември.