“Танец” ќе одржи концерт во Загреб

12

На 24.09.2024 година во Загреб, во салата “Ватрослав Лисински”. Билетите се во продажба преку системот Eventim. hr и за билетите bit.ly/tanecZGev

Во срцето на Загреб, град каде природно се спојуваат традицијата и модерноста, ќе се одржи извонреден спектакл пред загребската публика, позната по својот софистициран вкус и љубов кон уметноста.

Ова музичко доживување го продлабочува пријателството меѓу Македонците и Хрватите и создава мост по кој ќе патува уметноста и културата.

Настанот ќе го потврди статусот на “Танец” како симбол на македонската култура и уметност, кој овој пат ќе биде претставен во светлината на спојувањето на различни музички жанрови.

Настанот ќе биде уникатен момент на културна размена, со кој “Танец” ќе се претстави во улога на модерна институција која го чува и зајакнува македонското музичко творештво.

Групата “Танец” е создадена со цел собирање и зачувување на македонските традиционални песни и ора.

“Танец” е основан во 1949 година, тоа е вистински амбасадор на македонскиот фолклор кој го претставува своето богатство од традиционални песни пред публиката ширум светот. Основан е од Живко Фирфов, еден од пионерите на зачувување на автентичниот македонски фолклор.

Ансамблот “Танец” се гордее со богата концертна активност, сосвојот комплексен целосен тим со играорци, а вклучува и хор, оркестар. Со тоа придонесува за промоција и зачувување на македонскиот фолклорен идентитет.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.