Светската ѕвезда Бебе Реџа го посети Дебар, родното место на татко си

187

Светската музичка ѕвезда Бебе Реџа деновиве е во Македонија. Своето неодамнешно учество на фестивалот “Сани Хил фестивал” во Приштина го искористи да го посети и родното место на својот татко Дебар, по 12 години, и да објави неколку фотографии на нејзиниот Инстаграм.
Таа ги посети и почивалиштата на своите претци.
Бебе Реџа со голема почит се осврна на моментот дека е многу важно да се почитува потеклото на претците.
-По 12 години се враќам во родниот град на татко ми Дебар, Македонија. Повторното спојување со моите корени и фамилијата беше длабоко емотивно. Посетата на гробот на дедо ми беше посебно значајна, бидејќи не можев да присуствувам на неговиот погреб, поради турнеја. Мене семејството ми значи сѐ, и оваа посета ме потсети на значењето на нашите семејни обврски, напиша таа.
Оваа шармантна успешна девојка со албански корени, која живее во Америка, е мегаѕвезда и со години наназад ги дрма светските музички листи.



p

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.