Додека за детската Евровизија го откажа, Шведската радио и телевизија СВТ го потврди своето учество на Изборот за песна на Евровизија 2023 година, по најдобриот резултат од 2015 година кој неодамна го постигна во Торино. Иако не е наведено од страна на радиодифузерот, се очекува дека Мелодифестивален да послужи се и за избор на шведскиот претставник за 2023 година. Корнелија Јакобс ја претставуваше Шведска на Изборот за песна на Евровизија 2022 година во Торино, Италија. Таа се пласираше на 4-тото место во финалето со „Hold Me Closer“, што го прави најдобриот резултат по победата на Шведска во 2015 година.
Шведска дебитираше на Изборот за песна на Евровизија во 1958 година и стана една од најуспешните земји на оваа сцена. Победи шест пати, првата победа се случи во 1974 година кога АББА победи на натпреварот во Брајтон со „Ватерло“, последно во 2015 година со Манс Зермелов .
https://m.youtube.com/watch?v=i777psA2gP4
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.