Најстариот фестивал во Босна и Херцеговина, за млади и неафирмирани пејачи „Студентско лето“ го објави годинешниот јавен повик за учество на фестивалот, кој годинава ќе се одржи на 8 и 9 септемри во Маглај.
Овој фестивал е основан во 1964 година, а многу учесници кои тогаш се појавиле како неафирмирани пејачи сега се едни од најпознатите имиња на регионаната естрадна сцена. Своите почетоци на овој фестивал ги имале Жељко Самарџиќ, Лепа Брена, Северина, Слаѓана Милошевиќ и многу други.
Програмата содржи две фестивалски вечери од кои една посветена на народната а другата посветена на забавната музика и ги собира младите пејачи од Словенија до Македонија, но и учесници од Велика Британија, Австрија, Словачка и други држави.
На фестивалот сите композиции се изведуваат во живо, без плејбек и матрици, а сите изведувачи настапуваат со придружба на големиот фестивалски оркестар. По завршувањето на сите настапи ќе бидат прогласени и наградени најдобрите интепретатори, односно по три изведувачи во двете категории по оцена на стручно жири и гласовите од публиката. Сите награди се парични.
Трошоците за учество за учесниците во кои е пресметан превозот, сместувањето и исхраната се на трошок на организаторот.
Сите млади пејачи на возраст од 17 до 30 години можат да се пријават за учество на фестивалот до 24 мај преку електронските адреси [email protected], [email protected], а сите дополнителни информации се досптани на социјалните мрежи на Студентско лето.
Да потсетиме, минатата година учество на овој еминентен музички фестивал зедоа неколкумина млади од Македонија, кои добија награди од стручното жири, од новинарското жири, но и од публиката. Лани во Маглај македонски учесници беа Иван Илиев, Кристијан Демјански, Омар Џафероски и Јана Спирковска.
Филип Димкоски
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.