Охрид, 19.08.2024
Реномираните српски уметници настапија во рамки на Српската вечер на фестивалот „Охридско лето“ изведувајќи познати арии од оперите на Бизе, Гершвин, Верди, Моцарт Сен-Санс, Маскањи, Пучини, како и дела од Пјаф, Елета Алмаран, ди Куртис, Рота и ди Капуа за што беа наградени со бурни овации. Прекрасната ноќ беше затворена со феноменална изведба на познатата македонска народна композиција „Лихнида кајче веслаше“ и со традиционална српска композиција.
Концертотза кој се бараше карта повеќе се одржа во преполната црква „Света Софија“ , а во редовите на публиката беше и Министерот за култура во Владата на Република Северна Македонија, Зоран Љутков и српската амбасадорка, Невена Јовановиќ.
Отворајќи ја Српската вечер, амбасадорката на Република Србија во земјава, Невена Јовановиќ, истакна дека повеќе од шест децении реномираниот фестивал „Охридско лето“ нуди богата сценска лепеза која, како што рече, со квалитетно и внимателно избрана понуда на изведувачи и дела прерасна во најпознат културен бренд во чија програма денес учествуваат врвни имиња од светот на уметноста кои со своите спектакуларни изведби , овде, во епицентарот на македонската култура ги оставаат без здив сите почитувачи и љубители на уметноста.
-Бескрајно сме горди што во текот на сите овие години, на сцената на „Охридско лето“ поминале бројни великани на српската култура и уметност кои со својот вонсериски талент оставија трага на фестивалските сцени. Сити тие со своите уметнички бравури несебично оставија дел од себе на сцените во Долни Сарај, Света Софија и Антички театар, истовремено градејќи ги нераскинливоте македонско-српски спомени и придонесувајќи на тој начин во промовирањето на културно-уметничкото богатство од целиот Балкан, рече амбасадорката Јовановиќ.
Како што додаде амбасадорката, Република Србија придава големо внимание на односите со Република Северна Македонија.
-Подготвени сме и натаму, со заеднички сили да ги продлабочиме нашите билатерални релации и да градиме односи засновани исклучиво на пријателство и соработка. Зајакнувањето на културна соработка со нашите две држави, дополнителното поврзување на нашите две култури и граѓани, како и непрекинатото подигнување на културно-уметничките врски помеѓу нашите народи, секако се од суштинско значење во процесот на понатамошно унапредување на нашите блиски и пријателски односи , нагласи српската амбасадорка Невена Јовановиќ.
Српската вечер на фестивалот „Охридско лето“ се организира трета година по ред со поддршка на Амбасадата на Република Србија во земјава. Таа претставува вистинско уметничко доживување за фестивалската публика со настапите на најдобрите уметници од српската сцена.