СПЕКТАКЛ ВО НАЈАВА: Гала оперски концерт “Василица 2023”

Концертот што секоја година се одржува по повод празникот „Василица“ во Националната опера и балет, ќе биде на 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20 часот. Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ е традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, а оваа година верната публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот.
Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, концерт мајстор: Верица Ламбевска, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.
На концертот ќе настапат нашите оперски уметници: Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас).
Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет.
Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата и онлајн.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.