Со “Сплотеност, љубов и мир” Маротови донесуваат убавина!

Нема да отидат на Евровизија 2022, каде конкурираа со оваа песна но ете не влегоа во изборот на МРТВ, ама затоа пак одат (онлајн) насекаде во светот – со порака за “Сплотеност, љубов и мир”. Таков наслов носи новата песна на нашиот познат автор Блаж Маротов, создадена по иницијатива и текст на реномираниот текстописец Цане Трајчевски, а изведена, и тоа фантастично од ова познато музичко семејство Маротови- Блаж, Јуле, синот Бојан и снаата Лена, кои заедно се одѕиваат на името “Four M”, Или “Четири М”.
Спотот е во изработка на “Валови”, по идеја на Блаж и Лена.
Песната и спотот кажуваат сѐ, оставаме само да ги впивате со сите сетила и да уживате, слушајќи ги.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.