Со концертот “Блесок” ќе се слави 58 години постоење на ФМУ

На 6.12.2024, петок, Факултетот за музичка уметност- Скопје слави 58 години од своето постоење. Концертот е од 20 часот, во големата сала на македонската Филхармонија.

Денот на основањето на Факултетот, 6 декември, ќе се одбележи со големиот годишен концерт на Факултетот, оваа година наречен „БЛЕСОК”.

Alma mater на најголемите имиња од музичката и балетска сцена во државата, регионот, па и светот, Факултетот за музичка уметност – Скопје е врутокот од кој произлегуваат речиси сите кадри кои се дел од колективите на најголемите музички и музичко- сценски институции и неизоставен дел од образовниот процес на сите нивоа.

ФМУ- Скопје ве да го проследите настапот на Симфониски оркестар при ФМУ -трет во државата, мешаниот хор „Драган Шуплевски”, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ”, Оркестарот на народни инструменти и проф. Драган Даутовски, студентите од Катедрата за балетска педагогија и Катедрата за џез и популарна музика, ансамблот перкусионисти, под диригентските палки на проф. Цанев, проф. Татарчевски и доц. Спироски.

Програма:

ФОАЈЕ на Филхармонија
„ПРОМЕНАД“
Студенти од Катедра за балетска педагогија
Кореографија: проф. д-р Искра Шукарова
Голема сала на Филхармонија
Мешан хор „Драган Шуплевски” и Симфонискиот оркестар при ФМУ
– Скопје
– Државна химна „Денес над Македонија се раѓа”
– Академска химна „Gaudeamus Igitur”
– Химна на УКИМ „Свечена песна за св. Кирил и Методиј”
диригент: проф. м-р Борјан Цанев
Свечен говор на декан
Симфонискиот оркестар при ФМУ – Скопје
– Симфонија бр.8 „Недовршена“, I став – F. Schubert
– „Little Daneliade“ – G. Kancheli
Солисти: Ана Гаштаровска – пијано, Бојана Митковска – виолина
диригент: проф. м-р Борјан Цанев
Дувачки оркестар и ансамбл удиралки при ФМУ – Скопје
– „Flight of the Thunderbird“ – Richard L. Saucedo
диригент: доц. м-р Ангел Спироски
Камерен оркестар „Солисти на ФМУ“
– „Air in D“ од Оркестарска суита бр. 3 – Ј. S. Bach
– „Sinfonia“ – P. Brant
– „Со маки сум се родил” – арр: проф. д-р Драган Даутовски
Солисти: Драган Даутовски – тамбура, Мила Тренеска – тарабука
диригент: проф. м-р Сашо Татарчевски
Оркестар на народни инструменти
– „Ој, девојче, девојче” – арр: проф. д-р Драган Даутовски
Јулијана Деспотоска – вокал. Славица Томова – вокал, Антонио Трајкоски
– кавал, Мила Тренеска – кахон, Драган Даутовски – тамбура
Ансамбл на удирачки инструменти
– „Танц со сабји” од балетската суита „Gayane” – A. Khachaturian,
арр: вонр. проф. м-р Влатко Нушев
Танц: Христијан Сарафов, Леонтина Карчева, Оља Тошиќ
Кореографија: проф. д-р. Соња Здравкова – Џепароска
Катедра за џез и популарна музика
– „Smels Like Teen Spirit“ – Nirvana, арр: проф. м-р Иван Иванов
– „Secret Champ“ – Jesse van Ruller
Танц импровизација: студентки од Катедра за балетска педагогија
Мешан хор „Драган Шуплевски“
– „Besame mucho“ – Consuelo Velazquez, арр: .Jose Galvan
– „I am“ – Michael W Smith, арр: Don Wyrtzen
диригент: проф. м-р Сашо Татарчевски

ФМУ- Скопје ветува незаборавна вечер.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.