“Шлиц” во Гевгелија

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, на 19 декември, 2022 година, во Народниот театар-
Гевгелија, ќе биде одржан Арт рок концерт на бендот „Шлиц“.
Џијан Емин (гитара и вокал), Драган Гиновски (гитара), Дарко Мучев (бас), Гоце Стевковски (тапани)и Ади Имери (гитара) ќе изведат авторски композиции на Џијан Емин, преземени од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова
и композиции создадени за проектот „Улица“, по текст на Славко Јаневски. Визуелизациите се на Емил Петров.
Концертот ќе започне во 19:00 часот, а влезот е слободен.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.