15.10.2024
Ексклузивни концерти ќе бидат дел од 43. издание на Скопскиот џез фестивал, што ќе трае од 17 до 20 октомври 2024 година, а ќе се одржуваат во Националната опера и балет и во Младинскиот културен центар.
Фестивалот годинава ќе го отвори супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната Греми лауреатка Сесил Меклорин Салвант од САД со нејзиниот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти, Саливан Фортнер.
Основачот и директорот на фестивалот Оливер Белопета вчера на прес конференција рече дека дека програмата го следи концептот од изминатите години, кој нашироко е опишан како успешен, а тоа е да го претставува она што е најактуелно и најкреативно во џезот и во импровизираната музика.
„Целта ни е да останеме меѓу оние четири-пет-шест фестивали кои имаат најкреативна програма. Годинава имаме мал, односно голем исчекор, а тоа е дека најголемиот број концерти се наполно ексклузивни и се случуваат само во Скопје. Исклучок е само првата вечер, кога настапува најдобрата џез пејачка во последната декада Сесил Меклорин Салвант, која исто така беше планирана како ексклузива, но потоа си направи мала европска турнеја, која започнува овој четврток во Скопје“, вели Белопета, кој исто така незадоволно откри дека годинава за прв пат не добиле финансиска поддршка од Град Скопје како и од Министерство за култура (сосема недоволно) и дека ако фестивалот не добива финансиска поддршка тогаш да се постави прашање зошто и да постои.
Фестивалската програма годинава е исклучително силна, внимателно селектирана и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите светски имиња на современиот џез и креативната музика денес. А за прв пат ќе има и џез работилница за деца.
Фестивалот годинава ќе го отвори супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната Греми лауреатка Сесил Меклорин Салвант од САД со нејзиниот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти, Саливан Фортнер. Опишана од Џеси Норман како „уникатен глас поткрепен со интелигенција и апсолутна музикалност“, Салвант се прослави со својата способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со силни наративи, неочекувани пресврти и богата емоционална длабочина. Концертите на Сесил Меклорин Салвант се неповторливи доживувања, во кои таа покажува неверојатно чувство и талент за раскажување приказни.
17 октомври
НОБ, 20:00 >> Cecile McLorin Salvant
МКЦ, 23:00 >> Next to Silence
18 октомври
НОБ, 20:00 >> Rodrigo Amado Тhe Bridge • The End
19 октомври
НОБ, 20:00 >> David Virelles • Rob Mazurek Exploding Star Orchestra
МКЦ, 24:00 >> Alabaster DePlume
20 октомври
НОБ, 20:00 >> Nicole Mitchell & Mark Sanders • Fire! Orchestra
Програма плус
(12 октомври, AудиоКултура, 20:00 >> Промоција на CD: Next to Silence – ‘Ruh’)
16 октомври, Галерија МКЦ, 19:30 >> Rob Mazurek: Radical Chimeras – изложба
16 октомври, Кино Фросина, 21:00 >> Miles Davis: Birth of the Cool – докум. филм
19 октомври, Јуроп Хаус, 12:00 >> Jazz for Kids – работилница за деца