Интересна и возбудлива програма нуди годинешниот Скопски џез фестивал, кој во својата втора вечер на сцена на НОБ ги имаше триото на исклучителната џез-пијанистка Тања Јанули од Грција, а веднаш по нив квартетот на извонредниот гитарист Јакоб Бро квартетот со Марк Тарнер и Јорге Роси и Томас Морган (Данска/САД/Шпанија).
Смирен џез, за релаксација, она што најмногу недостига во овие медиумско бучни предизборни денови, а како што и самиот директор на фестивалот, господинот Оливер Белопета, во најавата шеговито забележа дека верува таа публика е доволно просветлена да не ни гледа од она што во моментов е на телевизија.
Ветување е дека деновиве ќе биде откриено неговото или нејзиното име (а во недела и награден/а) на млад најуспешен џез музичар од земјава.
Вчера, исто така пред самиот фестивалски концерт,во кино Фросина беше прикажан филмот за култното њујоршко џез собиралиште, клубот Блу нот- BLUE NOTE RECORDS: BEYOND THE NOTES
Фестивалот, кој тече сиве вечери, до 24 ноември, во НОБ, вечерва на програма ги има
22.10.2021
Национална опера и балет
20:00 Јордан Костов ансамбл, Македонија
22:00 L.U.M.E. (Португалија)
МКЦ – Дансинг Сала
24:00 MOOR MOTHER with Dudù Kouate & Mats Gustafsson
(САД/Шведска)
Убави фото галерии од настаните може да се погледнат на нивната официјална страница на фејсбук.
https://m.facebook.com/skopjejazzfest/
Валентина Ѓоргиевска Парго
0