“Сите за Грицко” на 23 јуни во МКЦ 

25

На 23.06 во МКЦ ќе се одржи забава за поддршка на Небојша Додевски Грицко.

Како и претходните две така и оваа година, “Сите за Грицко” е насловена хуманитарната забава, што ја организираат скопските рапери за заеднички направиме подобра и потопла зима за нивниот другар Грицко.

Влезот е со донација, а исто така како и претходните забави ќе бидете во можност да си купите “мерџ“ “роба“ (музика маици стикери) од македонски и странски артисти. Сите собрани средства одат кај Грицко, кој ги планира за купување на огревно дрво.

Апел од организаторот до сите рап артисти- доколку сте во можност и имате желба да помогнете ве молиме да се приклучите на забавата со песна две!!!

Диџеи- доколку сте во можност и имате желба да помогнете ве молиме да се приклучите со краток сет!!!

графити артисти!

доколку сте во можност и имате желба да помогнете ве молиме да се вклучите со цртеж два!

за да се пријавите пишете или јавете на

Жарко Масларковски 078 434 968

Дарко Масларковски 078 434 969

Небојша Додевски Грицко 070 252 786

Забавата е планирано да започне во 16:20 со селекторски сет од Грицко во Мкц и ќе трае до полноќ.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.