1 Март 2025
Неодамна излезе долгоочекуваниот дебитантски соло албум на кантавторот, виртуоз на хармоника и новата балканска ѕвезда Синиша Бишко!
Насловен „Ти, само ти“, албумот содржи десет песни, полни со емоции и топлина, а на него се песните, истоимената „Ти, само ти“, „Пријатели, добра вечер“, дует со Стела Рада, „Кад неком срце даш“…
Неговите песни го имаат тој евергрин мирис. Годинава го очекуваат турнеи во Австралија и Канада, бројни концерти меѓу нив и спектакл во “Ватрослав Лисински” во Загреб на 10 март, кога на сцената ќе настапи со 50 хармоникаши.
Во оркестарот ќе бидат 12, а потоа ќе изненадат и со настапот на 50 хармоникаши.
Синиша живее во Лазина Чичка, населено место во градот Велика Горица, во Туропоље, Хрватска. Тој е поранешен основач и пејач на “Пирате”, кои ги формирал уште во основно училиште а сега, по речиси 20 години заедничко создавање музички соништа, реши сам да продолжи.
Хрватските медиуми пишуваат дека тој денес е горд сопственик на СБ мјузик, текстописец, хармоникаш, препознатлив вокал и единствен онлајн инструктор по хармоника во Хрватска. Пред сѐ е татко на два сина и сопруг, а неговото семејство за него е над и пред сѐ.
Тој е интернет атракција и на социјалните медиуми, најмногу на фејсбук, каде постојано објавува свои видео снимки.
Валентина Ѓоргиевска Парго