СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ со концерт на Артан Лили од Белград и Занаду од Скопје во МКЦ

Музичката програма на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ продолжува и овој петок на 8 март со уште еден целовечерен настан кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар.

Настанот, кој почнува во 21 часот ќе обедини и претстави две сцени на современа поп и рок музика. Првата белградска, со концерт на култните Артан Лили, еден од најмногу споменувате бендови во регионот кога се зборува за новата домашна и регионална музичка сцена. Втората скопска, со концерт на бендот Занаду, (нај)младата и надоаѓачка сила на македонската музичка сцена. Совршен спој на квалитетен звук и изведба која гарантира добра забава за вистинските љубители на музика од различна генерација.

Артан Лили, со три албуми зад себе и 10 години активно концертирање е еден од најреномираните регионални бендови. Последниот албум носи и соработки со колеги од локалната сцена, меѓу кои Зоран Костиќ-Цане од „Partibrejkers“ и Никола Врањковиќ. Покрај професионалноста во креирање и изведба на музика, тие посветено се занимаваат и со нејзината визуелна репрезентација преку продукција на видео записи. Во тој контекст на концертот во Скопје, покрај добриот звук не очекува и вистинско визуелно доживување преку специјално креирани визуелни ефекти на извонредниот Боб, VJ и соработник на бендот. Артан Лили успеваат да го задржат вниманието и интересот на различна генерација на публика, а нивната работа да биде признаена и наградувана. Со своите синглови ги освојуваат сите релевантни радиски и ТВ топ листи во својата земја и регионот. Најинтересен е пласманот на песната „Ako stanemo tu“ која веднаш како новитет застана на првото место на листата „Diskomer“ на „Studio B“. За повеќе од 40 години колку што постои листата, овој куриозитет го искусиле само музички групи како „Bjelo Dugme“ и „Ekaterina Velika“. Добитници се на првата по ред награда на друштвото „Milan Mladenović“.

Вечерта ќе ја отворат нашите млади таленти, претставници на урбаната и алтернативна музичка сцена, Занаду. Бенд коj не верува во жанровски ограничувања, а на музиката гледа како слобода за канализирање на моментална емоција, импулс и енергија. Слободното течење и храброто пливање низ жанрови, ритмови и фреквенции се начини на кои поробуваат да го пронајдат звукот коj најдобро ги дефинира. Формирани во 2021 година, по период на дефинирање на идејата и музичко себеспознание, во 2022 година го обавуваат својот деби сингл „Навика”, за подоцна истата година во етер да го пуштат и нивниот деби албум „Соништа” предводен од истоимениот сингл и синглот „Зборувај, замижи, побегни”. Занаду се еден од најмладите состави на „Гола Планина Колектив“. Тие пркосат со својата младешка енергија, а нивната соничност и дивергентност е најдобро воочлива на настапите, каде најмногу ги уживаат бисовите и стиховите кои едногласно ги делат со публиката.

Влезниците за настанот може да се обезбедат преку онлајн на https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1297 и на билетарницата на МКЦ по цена до 400 денари.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.