Шест години без Оливер Драгојевиќ

Денес, 29 јули 2024 година се навршуваат шест години од смртта на најславниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ (Сплит, 7 декември 1947 – Сплит, 29 јули 2018), почина на 70 годишна возраст.
Жанрови- клапа, поп, џез, блуз
пејач, кантавто

Роден е во Сплит, а по потекло е од Вела Лука на островот Корчула. Спор со податоците на Википедија во Сплит посетува музичко училиште. Најпрво учи клавир, а потоа кларинет и гитара. Прва средба со музиката му била на петгодишна возраст кога од татко му Марко добива поклон усна хармоника со која ги забавувал децата од неговата улица и патниците од бродовите на линијата Сплит – Вела Лука.
Прв естраден настап му бил детскиот фестивал во Сплит 1961 година со популарната песничка “Балони”. Истовремено со братот Аљоша снима тогаш познати светски хитови за радиостаницата Сплит.
Веќе во 1963 година се здобива со голем успех како пејач и клавијатурист на култниот сплитски бенд “Батали”. На натпреварот аматери пејачи од Хрватска, освојува прво место пеејќи.

Соработка со Руњиќ

Фестивалско деби имал на Сплитскот фестивал 1967 на наговор од Зденко Руњиќ со неговото “Пицаферајем”. Оваа композиција не стигнала на завршната фестивалска вечер, ама оваа песна во седумдесеттите ќе стане еден од евергрин хитови на Оливер. По неуспехот во Сплит 1967 сè до 1972 година, Оливер свири по бројни западноевропски клубови усвојувајќи ги темелните одлики на подоцниот изведувачки манир. По краткотрајната епизода со “Дубровачките трубадури” која траела помалку од година дена и учеството на пионерските први сезони на сплитскaта група “Море” во летото 1974 година, повторно се приклучил на “Баталите”. На Сплитскиот фестивал се враќа во 1974 година, во голем стил ја освојува првата награда на публиката со композицијата “Ча че ми Копакабана”.
Потоа тогаш повторно воспоставува соработка со Зденко Руњиќ и во Сплит 1975 ја пее шансоната “Галеб и ја”, врвен погодок и почеток на долгогодишната соработка и наградите за најнадарениот авторски изведувач. Во наредните децении постигал бројни успеси на настапите на фестивалите, како и издавање на синглови и албуми. Награден е 21 пат со најзначајната хрватска музичка награда Порин. Добитник е на хрватското одликување во редот на Даница со ликот Марко Марулиќ.

Најпознати негови песни се: Галеб и ја (1975), Скалинада (1976), Малинконија (1977), Опрости ми папе (1978), Молитва за Магдалену (1978), Вјеруј у љубав (1979), Надалина (дует со Борис Дворник од 1980), Кароца (1982), Моје прво пијанство (1983), Свирајте ночас за моју душу (1988), Што то бјеше љубав (1988), Нека се други радују (1990), Цесарица (1993)…
Во Македонија одржуваше многу концерти и ја испеа песната “Битола, мој роден град” заедно со браќата Тавитјан.

Дискографија:

1974 – Анџела
1974 – Ча че ми Копакабана
1975 – Љубавна пјесма
1976 – Нашој љубави је крај
1976 – Прва љубав
1976 – Сплит 76
1977 – Ако изгубим тебе
1977 – Малинконија
1977 – Недостајеш ми ти
1977 – Сплит 77
1977 – Загреб 77
1978 – Молитва за Магдалену
1978 – Поета
1978 – Сплит 78
1979 – Буди ту
1979 – Данијела
1979 – Сплит 79
1979 – Вјеруј у љубав
1980 – Оливер 5
1981 – Џелозија
1981 – Јубави, јубави
1982 – Кароца
1983 – Моје прво пијанство
1984 – Ево мене меџу моје
1985 – Своју звизду слидин
1986 – За сва вримена
1987 – Оливер
1987 – Пионирско коло
1988 – Свирајте ночас за моју душу
1989 – Оливер во ХНК тв
1991 – Једина
1992 – Тешко ми је путовати
1994 – Нека нова свитања
1994 – Све најбоље
1995 – Вриме
1996 – Оливер во Лисински
1997 – Душа ми је море
1998 – Шторија 1
1998 – Шторија 2
1998 – Шторија 3
1998 – Шторија 4
1998 – Шторија 5
2000 – Дви, три ричи
2001 – Оливер во Арени
2002 – Траг у бескрају
2003 – Вјеруј у љубав 2003
2004 – Оливер: концерт
2005 – Емоција
2005 – Вридило је
2006 – Оливер ал`Олимпија

Фестивал Сплит:

1967. Пицаферај
1974. Ча че ми Копакабана (Златен грб на градот Сплит)
1975. Галеб и ја
1975. 2002 година во Сплит
1976. Скалинада (Награда за интерпретација)
1977. Малинконија (2 награда од публика)
1978. Опрости ми папе (1 награда од публика)
1978. Поета (1 награда од публика)
1978. Цвит Медитерана (1 награда од публика и 1 награда од жирито)
1979. Вјеруј у љубав
1980. Пива клапа испо’ волта
1980. Надалина (дует со Борис Дворник)
1981. Инфиша сан у те
1981. Липа моја ча си блида
1981. Шторија
1982. Кароца
1983. А битар пуше (Сребрни грб на градот Сплита: 2 награда од публиката)
1984. Луце мала (дует со Мариол)
1984. Анџеле мој (3 награда)
1985. Своју звизду слидин
1986. Дишпердун
1986. Мижерја
1987. Стине
1988. Што то бјеше љубав (Награда од стручното жири)
1989. Од свег срца теби фала (дует со близнаците Смоје)
1990. Нека се други радују (1 награда од публиката)
1990. Ти си мој сан (дует со Зорица Конџа, 1 награда на жирито)
1992. Без тебе (Златен грб на градот Сплита)
Мелодије хрватског Јадрана:
1993. Цесарица (Гранд при)
1994. Јубав моја
1995. Нисан ја за те
1995. Морски вук (дует со Тони Цетински)
1996. Маргарита
1996. Пјесма анџела (дует со Цецилија)
1997. Испод сунаца златнога
Ваш шлагер сезоне:
1977. Ако изгубим тебе
1979. Данијела
1980. Вечерња љубав
1981. Ти си била све што ваља
1982. Госпојице, липо дите
1983. Моје прво пијанство (1 награда на публиката, 1 награда од стручното жири, награда за најдобар текст и најдобра интерпретација)
1988. Један од многих (2 награда)

Београдско пролеће:
1978. Молитва за Магдалену (2 награда од публиката)
1979. Nocturno

Фестивал Загреб:

1976. Прва љубав
1977. Мајко да ли знаш
1978. Кључ живота
1981. Сан лептира
1988. Задње вече
Фестивал Опатија:

1975. Цеста сунаца
1976. Пјевај с нама
1978. Збогом остај љубави (1 награда од публиката)
1980. Забрањено воче
1981. Заборави
1982. Лаку ноч Луиџи, лаку ноч Бепина
1982. Чер од старег калафата
1982. Мама
1984. Камен испод главе (1 награда од жирито и југословенските радио-станици “Златна камелија”)

Карневалфест:
1977. Недостајеш ми ти
МЕСАМ – Београд:
1984. Спавај Катарина
1985. Кад би само љубит знала
1988. Ако икад оздравим

Задарфест:
1994. Ена
1996. Горе си ти

Евросонг:

1988. Џени (Југовизија, 2 место)
1990. Среча је тамо гдје си ти (дует со Зорица Конџа, Југовизија, 3 место)
1994. Ар’ја (Дора, 4 место)
1995. Богиња (Дора, 2 место)
1997. Луција (Дора)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.