Скопје 18.12.2021
Со почеток од 20 часот, настапуваат нашите Марија Каева (промоција на новиот албум „Фортуна“), Тодор Караколев, диџеј сет Мирко Попов, Диџеј Магија во живо и мистертиозните гости од Србија – Фантом.
ФАНТОМ е ново име на регионалната музичка сцена, проект зад кој стои името на Петар Вагнер. Со години усовршувајќи ја својата умешност на креирање музика, текстови и аранжмани за други изведувачи, Вагнер на почетокот на 2019 одлучува да поработи на свои песни. Набргу потоа доаѓаат песните што Вагнер во своето белградско студио ги завршува со Луна Шкопеља, каде што Вагнер и Шкопеља со своите аналогни срца свират на дигитални инструменти и создаваат некои интересни и нови звуци.Како раскажувач на „ноќни“ приказни, кои се случуваат во мрачни и пусти улици, простории со пригушено светло, илегални клубови во Белград, Загреб, Љубљана или кој било град каде што патот ќе те наведе, Фантом ниже синглови со кои ја воодушевува својата фан-база, која расте од ден на ден. Тајновити се тие авантури, страсти и болка прераскажани во шифри во форма на синтетизиран звук, сонливи мелодии и обично-необични текстови. Песните на Фантом се своевидна временска машина за патување во прстор и време, а крајната одредница е непредвидлива, баш како и тој самиот. Во втората половина на 2021 Фантом објавува своја колекција на синглови и 3 необјавени песни под насловот „Ноќни приказни“, како своевиден заклучок на својот креативен период, а моментално работи и на нов материјал и најавува свој прв стусиски долгосвиречки албум.
www.fantom-mp3.bandcamp.com
www.facebook.com/mp3.fantom
www.instagram.com/fantom.mp3
Тодор Караколев е пеач-песнописец и електронски продуцент. Создава композиции со силен емотивен набој и луцидна лирика, движејќи се лесно и непредвидливо помеѓу различни стилови на електронската (и не само) музика: мутант техно, пост-диско, итало… Музика за танц со мрачен сексапил.
www.5060.bandcamp.com/album/–2
www.soundcloud.com/todorkarakolev/raff
Повеќе од две децении, Марија Каева е добро познато име на Македонската музичка сцена. Нејзината харизматична појава, прекрасен вокал, извонредна лирика и авторски печат, станаа неизоставен дел од нашиот музички живот низ годините. Незаборавни радиски хитови, но и ангажирани авторски авантури и огромен број соработки со некои од најквалитетните домашни музички имиња, се одлична база за развој. Во сабота ќе го промовира новиот албум „Фортуна“.
Специјални гости на концертот со настап во живо ќе бидат скопските Диџеј Магија, супер група составена од Галатеа и Андреја Салпе, добро познати ликови од локалната електронска сцена.
Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk
Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање настани во затворен простор.
Серија концерти вечерва во МКЦ
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.