По долги години, на културната сцена во Гевгелија се враќа Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“. Годинава, по обновувањето на Здружението, а со поддршка на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, овој традиционален настан кој беше и се уште е препознатлив бренд за Гевгелија, влезе во поддржаните настани од областа на културата за 2023 година, за кои Општина Гевгелија издвојува финансиски средства.
Имено, активностите за обновената „Калинка 2023 година“ веќе започнаа- Управниот одбор закажа аудиции на 1 и 2 март, на кои можат да се пријават дечињата од Гевгелија, Богданци, Валандово, Струмица и други градови, со подготвена омилена песна, не подолго од една минута.
Аудициите ќе се одржат во Народниот театар- Гевгелија, со почеток од 18 часот.