Со издавањето на албумот (Fallen Land) на 1 Октомври 2020 за етикетата на СЏФ Рекордс и промотивниот концерт во рамките на 39от Скопски Џез Фестивал започнаа и подготовките за концертна промоција на албумот.
Албумот е снимен во формација трио со Иван Бејков на бас и Виктор Филиповски тапани/перкусии кој содржи седум оригинални композиции на Сашо Поповски.
Светската џез критика и позитивните рецензии од портали како: All About Jazz (USA), PJ Portrait ii Jazz (Tokio – Japan), Paris-Move (France), Jazz Port (Prague – Czech Republic), Jazz In Europe (The Netherlands), Jazz In Family (Italy), Jazz Syndicate (London – UK) во голема мера го помогнаа и отворија патот за концерти надвор од границите на Македонија, па така во 2021г. Сашо Поповски Трио настапи на интернационални фестивали како: Sacz Jazz Festival (Poland), Petro Jazz Festival (Saint Petrsburg – Russia), Belgrade Jazz Festival (Side program – Dom Omladine – Serbia), Jazzibar – (Kraljevo – Serbia), Jazzaland (Temerin – Serbia), Petrovac Jazz Festival (Montenegro), Valjevo Jazz Festival (Serbia)и Тетово Џез Фестивал.
“ …. гитаристот Сашо Поповски го усовршува својот трио проект со јасен концепт, изграден на постојани мелодиски варијации, нагласувајќи звук, текстури, интеракција и простор. Музичката слика се дефинира со автентичноста на композициите, аранжманот е ориентиран кон целосен музички разговор и постојано еволуира на ненаметлив и богато обоен начин “ – Thierry Docmac
Bayou Blue News – Paris Move 4th May 2021. Отценет со 5 звезди !
Но вистинската европска офанзива започнува за календарската 2022/23 каде до денес се реализирани концерти на престижни и високо рангирани интернационални џез фестивали како: Rocella Jazz Festival (Italy), Musicastrada Festival (Italy), Deva Jazz Festival (Romania), Nishvil Jazz Festival (Serbia), Tirana Jazz Festival (Albania),како и првата Шпанска турнеја (Јуни 2022) со концерти на Gaya Granada Jazz Festival, La Laolaina Culture Centerи Clarence Jazz Club – Malaga. Во рамките на оваа турнеја Сашо Поповски реализира и мајсторски клас на тема “Балканските ритми во џез музиката“ со главен фокус на Македонскиот 7/8 ритам, начините за компонирање и автентична интерпретација на мелодии преку примери како: Елено Ќерко и Сербес Донка.
На Македонската Џез сцена концерти се реализираа во рамките на: Астибо Џез Фестивал – Штип, Денес се е Џез – Скопје, Куманово Џез Фестивал, Џез Фабрика Фестивал – Битола, Интернационален ден на Џез – Културен и информативен центар – Битола, Кавадарци Џез Фестивал, Бит Фест – Битола и Аудиокултура – Скопје.
До крајот на 2022г. Сашо Поповски трио ќе настапи на неколку интернационални фестивали и тоа: One Jazz Festival (Romania) 21 October, Zalau Jazz Festival (Romania) 3 November, Transilvania Jazz Festival (Romania) 4 November, Punk Jazz Festival Binar (Bulgaria) 25 November.
За 2023г. Европската турнеја за албумот „Fallen Land” ќе продолжи со концерти во Италија, Шпанија, Словенија, Хрватска, Србија, Чешка и Бугарија, како и концерти во Македонија.
Во изминатиот период го завршивме и снимањето на нашиот нов албум (фаза на мих и постпродукција) кој ќе биде објавен во 2023г за кој компонирав седум нови композиции, каде покрај стандардната трио формација со Иван Бејков и Виктор Филиповски, имаме и интернационални гости и тоа Оливиер Самоуилан – виола Франција, Васил Хаџиманов – пијано Србија, Александар Секуловски – перкусии Канада, Кирил Кузманов – флејта/саксофон и Ратко Даутовски – перкусии.
Веб страна
www.sasopopovski.com
Букинг
[email protected]