Почна реконструкцијата, на Младинскиот дом во Прдејци

Почнаа изведбените работи за реконструкција на Младинскиот дом во Прдејци. На површина од 580 метри квадратни во центарот на населеното место, наместо старото и
недовршено здание, ќе никне нов модерен објект.

Имено, Домот ќе располага со голема сала за одржување на разни јавни, младински и културни настани, како и придружни простории.
Реализацијата на целиот проект ќе чини 12 милиони денари, кои средства се обезбедени со пренаменетите средства од ТАВ предвидени за изградба на карго аеродром во Штип, од страна на Владата. Изведувач на работите на Младинскиот дом е битолската фирма „Мегаконс“, а надзорот ќе го врши ГИМ.
На почетокот на изведбените работи на реконструкцијата на Младинскиот дом во Прдејци присуствуваа градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, пратеничката во Собранието, Ангелинка Петкова, членови на Советот на Општина
Гевгелија, претставници на ТАВ, на изведувачот и надзорот, како и други гости.
– Ова е значаен настан за граѓаните на Прдејци бидејќи изградбата на објектот започнала пред повеќе од три децении, но никако не била завршена. Со реконструкцијата конечно ќе се обезбедат простории за одржување на младински, културни и други општествени настани во Прдејци. Покрај одобрените средства, општина Гевгелија треба да обезбеди опремување на Младинскиот дом. Во наредниот период ќе настојуваме да ги интензивираме активностите за реализација на одобрените проекти во секое населено место. Во прв ред, изградбата на прочистителна станица во Смоквица и Милетково, водоводна линија со препумпна станица во Ума, но и други инфраструктурни проекти во другите населени места, изјави градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.