Во Гевгелија, минатата година, 2022, биле остварени 47.637 ноќевања, главно, странски туристи, поради што е еден од најпосетуваните градови во Македонија, со најмногу туристички ноќевања. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Гевгелија секој месец престојуваат по неколку илјади туристи, од кои повеќето се странски. Лани, во јуни се евидентирани 3.276 странски туристи, кои реализирале 5.671 ноќевања. Во јули, минатата година, имало 4.827 странски туристи, кои оствариле 7.703 ноќевања од странски гости. Додека во август се регистрирани 2.608 странски посетители, а бројот на ноќевања е 5.125. Најголемиот број од нив се Грци, кои традиционално доаѓаат секојдневно, но се поголем е бројот на српските туристи, кои на пат за Грција во текот на летните месеци задолжително остануваат во Гевгелија.
Затоа, и Гевгелија, годинава, по вторпат се претстави на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Република Србија, ја презентираше својата туристичка понуда под слоганот Гевгелија Спице уп тхе јоурнеѕ. На штандот беше презентиран голем дел од изработените промотивни материјали, како дел од туристичката платформа што ја утврди Општина Гевгелија. На бројните посетители им беа понудени маици, флаери, брошури, сувенири, магнети, беџови и промотивни торби, како дел од понудата за овогодинешниот Саем.
Новата туристичка платформа на Општина Гевгелија, всушност, се потпира на туристичките погодности, пред се, природните планински убавини и можности за рекреација, постојниот казинотуризам заедно со културните придружни манифестации, здравствениот туризам во подем, гастрономскиот туризам, кој веќе е афирмиран, како на север, така и на југ од Гевгелија, но, и се уште неискористениот потенцијал на културниот туризам.
Според градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, целта на локалната самоуправа е, заедно со туристичките чинители, да привлече што поголем број посетители. На оние кои застануваат, на својот пат кон и од Грција, треба да им се понудат можности да го продолжат својот престој. Не само да ноќеваат, туку и да ги запознаат туристичките погодности на поднебјето. Затоа, и посебно внимание и труд, посветивме на туристичкиот идентитет на Гевгелија. Бидејќи, со дефинираната туристичката платформа, всушност, ги утврдивме нашите натамошни активности. Промоцијата на туристичките потенцијали на вакви саемски манифестации е една од нашите приоритетни активности, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
Гевгелија со најголем број странски туристи и ноќевања
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.