Скопје, 6 декември 2022
Непосредно пред својот прв концерт во Филхармонија, во четврток на 8 декември 2022 година, црногорскиот артист Рамбо Амадеус и претставници од организаторот, ЗЏМ денес се сретнаа со новинарите на прес средба во “Филхармонија кафе”.
Концертот е најавен како сосема ново видување на неговиот славен репертоар- овој пат најпознатите песни на Рамбо Амадеус ќе бидат во џез аранжмани на македонскиот “Биг бенд”.
Рамбо Амадеус изрази големо одушевување како тие звучат.
Аранжманите се на Џијан Емин, Сашо Николовски, Трајче Велков, Дамир Имери, Владимир Николов, Владимир Ботев, Иван Петровски. Задоволство искажа и Гоце Стевковски, претседателот на Здружението на џез музичари на Македонија, а Гордан Спасовски рече дека е чест и задоволство е да се има ваков гостин, кој инспирира.
Дваесеттина луѓе ќе бидат на сцена, изведени ќе бидат повеќе од 15 песни ,. Рамбо Амадеус ќе свири на гитара, и ќе ги пее своите песни обоени со интелектуална сатира, критика и иронија (“Урбано само урбано”, “Џемо воли џем”, “Халид инвалид Хари” ).
-Гледам дека некои мои дела сега добиваат нов живот. Среќен сум што мојата музика ја слушам на некој нов начин, среќен сум што тоа на некого му значи, израви Рамбо, алијас Антоније Пушиќ.
Маестро Емин Џијан се потсети дека дека во 1991 година го слушал Рамбо Амадеус на плоча и не претпоставувал дека еден ден тие песни дури и ќе ги изведуваат заедно, во негови аранжмани. За него ова е фантастичен момент по толку години да имаат заеднички концерт со Рамбо Амадеус.
– Шокиран сум, како човекот да ми влегол во главата и сфатил што сакам подобро од мене, рече Рамбо Амадеус, и сите музичари со кои соработува овој пат ги спореди со Стравински во нивните аранжерски изработки.
Воедно, во ова формација, можно е во блиска иднина да учествуваат на регионални џез фестивали .
Рамбо, неодамна (откако беше прикажан филмот за Тома Здравковиќ), јавно изрази желба и уверување дека заслужува црногорците за него да снимаат филм, со ова веќе влегува во нов “филм”, поелегатна и пософистицирана форма на неговиот брутално убав сатиричен репертоар, кој кокетира со хоп хоп, драм ен бејс, блуз и џез.
Досега во повеќе наврати гостуваше во Македонија, на “Таксират”, во Битола, во МКЦ, последен настап му беше со џез-секстет на 29 ноември 2017 година во “Станица 26”, ова сепак ќе биде ново доживување.
Пробите ѝм одат одлично а можно е овие два дена ако ѝм тргне да снимат и нова песна (неодамна ја објави песната “Шпд ротацијом”, во стилот на она што компинираат младите генерации денес, како што самиот рече).
Билетите се распродадени. Концертот ќе се снима, почнува во 20.30 часот.
Валентина Ѓоргиевска Парго