Во најава е првото издание на фестивалот “Ајде” , кој ќе се случи на 4-ти Септември во паркот Васко Карангелески во Општина Аеродром, со почеток од 18:00 часот.
Преку богата урбана, музичка и културна програма придонесуваме за збогатување на културната содржина на Општина Аеродром и Град Скопје. Воедно фестивалот предвидува и едукативен дел каде нашите партнери Хајделберг Факултет ќе допринесат за збогатување на содржината на фестивалот. Исто така од областа на едукацијата ги имаме и “Мјузик лав” музичко училиште кои со своите ученици ќе оддржат рок концерт на главната сцена. “Ајде фестивал” воедно сака да прерасне и во платформа на вмрежување на домашните компании со локалното население за што предвидуваме штандови на кои граѓаните ќе можат да дојдат до информации за компаниите, како и за потенцијално вработување во истите, најавува организаторот.
-Нашиот фестивал е инклузивен и хуманитарен, во него учество ќе земат и здруженијата “Во мојо свет” и Act фондација и humanitarniakcii.mk, но и Општина Аеродром кој безрезервно дадоа своја поддршка кон афирмација на овој уникатен фестивал, најавуваат.
Во понудата на фестивалот вклучено е и одлично домашно крафт пиво од Темов и колбаси како би понудиле на гостите едно поинакво гурманско доживување.
-Ве покануваме на првото издание на “Ајде фестивал” на 4-ти Септември во Аеродром заедно да започнеме една нова урбана приказна!