Преспанско Езеро – Езеро во три држави со исклучителна флора и фауна
Пишува – М-р Татјана Гогоска
Преспанското езеро лежи на јужната страна на Македонија. Сместено меѓу планините и Галичица и Баба се простира на вкупна површина од 273 км квадрати, од кои 190 квадратни километри и припаѓа на Македонија, 84,5 кв километри се во Грција и 38.8 кв километри на Албанија Најголем град на ова подрачје е Ресен, кој се наоѓа на македонскиот дел од Езерото. Најголемата длабочина е од 54 метри.
На Преспанското езеро се наоѓаат два острови кои се ненаселени, од кои Голем град или т.н Змијски град што се наоѓа на македонската страна на езерото и Мал град на албанската страна на езерото. На Мал град се видливи остатоците на манастриот св Петар од 14 век.
Веднаш покрај Големото Езеро, појужно се наоѓа Малото Преспанско Езеро – Мала Преспа, од кое најголемиот дел лежи во Грција а на многу мал дел на западниот дел е во Албанија.
На ова езеро, на Островот на Ахил, Цар Самоил во 10-от век ја подигнал тврдината и црквата Св. Ахил од Лариса. Остатоците од црквата се доградувани во подоцнежните времиња и се видливи и сега. После Граѓанската војна во Грција островот бил пуст а после 70-тите години на минатиот век месното население полека се вратило. Сега на Островот активно живеат 12 семејства, кои се со македонско потекло.
Отешево
Населбата Отешево се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија. Од најблискиот главен град, Битола, населбата е на 45 километри западно, а од општинскиот центар 20 на југ. Отешево се наоѓа во областа на Горна Преспа, областите околу западниот и северниот брег на Преспанското Езеро. Населбата се наоѓа на западниот брег на Преспанското Езеро. На запад од населбата, планината Галичица се крева стрмно. Висината на населбата е околу 870 метри. На само 40- тина километри западно можете да дојдете до Пустец, населено место со Македонци од страната на Република Албанија.
Претор
Населбата Претор се наоѓа во областа Долна Преспа, околу северниот дел на Езерото. Населбата е сместена во североисточниот брег, додека источно од населбата се наоѓа подножјето на планината Баба.
Надморската височина на населбата е приближно 900 метри, има планинска клима заради таквата надморска висина. Инаку е едно од најпосетуваните места за туризам на Преспанскиот брег.
Плажа Крани
Населбата Крани е сместена во југозападниот дел на Република Македонија. Крани се наоѓа во областа на Долна Преспа. На северниот дел од Езерото. Населбата е сместена во Источниот брег, а на километар од населбата е подножјето на Баба. Крани е врзано одморалиште со населбата Претор.
Преспанскиот брег крие и нуди многу убавини. Ако решите да го посетите немојте да испуштите да ја видите убавата плажа на селото Долно Дупени, која наликува на морска.
Брајчино
Населбата Брајчино е сместена во крајниот јужен дел на Република Македонија. Се наоѓа во областа на Долна Преспа, област околу Преспанското езеро. Населбата е сместена високо на западните падини на планината Баба, и се граничи со Националниот парк Пелистер а Преспанското езеро е на 6 километри западно од селото.
Што и да посетите кога ќе дојдете до Преспа и околината на Преспанското Езеро ќе Ви остави убав спомен и желба за повторно доаѓање во прекрасната питома природа во овој дел на Македонија.