Премиера на “Безвременски Прикаски”

5

Во кореографија и режија на Ирена Лозинска, премиерата на проектот “Безвременски прикаски” ќе се одржи на 02.10.2024 година (среда), во Младинскиот Културен Центар – MKЦ, во просториите на Кино Фросина, со почеток во 21:30 часот.
“Безвременски прикаски” е претстава со карактер на музичко- сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка.
Четирите учесници- актери преку танцови форми и техники ги оживуваат
прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот на музиката за претставата, со својот Ханг (ударен музички инструмент), ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти. За визуелните ефекти е задолжен Видео Арт, кој преку видео бим ќе создаде дополнителна сценска магија.
Претставата трае 45 минути и нуди уникатна можност за актери да се изразат
преку иновативни танцови форми и да ја искористат својата способност за
импровизација.
Учесници:
∙Исидор Јованоски
∙Ана Левајковиќ Бошков
∙Хакан Даци
∙Нела Павловска
Музички соработник: Енес Беговски​
Видео
Арт: Доријан Миловановиќ
Благодарности:​
Младински Културен Центар – MKC​
Арт Балет студио – Тамара Ѓурчиновска​
НУ Турски театар – Скопје​
НУ Театар Комедија – Скопје​
НУ Македонски Народен Театар – Скопје​
Бисера Димчева

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.