Празничен концерт во Крива Паланка по повод Свети Јоаким Осоговски

Градскиот плоштад во Крива Паланка, на 28 август 2024 година, беше претесен да го собере огромниот број посетители кои дојдоа да го проследат празничниот концерт со балканската ѕвезда Северина, организиран по повод патрониот празник на градот Свети Јоаким Осоговски.

– Концертот беше вистински спектакл, исполнет со енергија, страст и еуфорија од публиката. Северина, позната по својот уникатен музички и сценски стил, ја потврди својата репутација како една од најголемите ѕвезди на Балканот. Љубителите на музиката имаа можност да уживаат во нејзините најголеми хитови, со перформанси што оставија публика воодушевена, вели организаторот на овој настан.

„Мило ми е што сум во Крива Паланка заедно да ги прославиме големите празници посветени на манастирот. Ја сакам публиката овде, а Македонија ја сакам како своја земја. Одлично се чувствувам во вашата земја“, порача Северина.

Концертот започна со спектакуларен огномет, а атмосферата беше полна со возбуда. Северина неуморно ги анимираше посетителите со својот харизматичен настап, а публиката беше во постојан ритам и одговори на секој нејзин повик со овации.

На концертот посветен на споделување на празничниот дух настапија и Давид Темелков и бендот Брас Брадрс, кои ја освежија сцената со различните музички жанрови.

Општина Крива Паланка покажа високо ниво на организација и успеа без проблеми да ги пречека бројните гости и посетители на големиот празничен настан.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.