Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА по успешниот настап на триото Џим Политис, најавува уште два концерти со несекојдневна програма во рамки на фестивалот Скопско Лето. Оваа сезона сите проекти на ПОЛИФОНИЈА промовираат нов летен и урбан простор на отворено во амфитеатарот на задниот дел на East Gate во Скопје.
***
21ви Јули со почеток во 21 часот:
“Македонски шлагери, стари песни – нови ѕвезди” проект кој претставува емотивен осврт кон фестивалскиот феномен на нашата држава и на градската култура воопшто како урбано културно наследство и форма која ги обединува генерациите. Оркестарот на ПОЛИФОНИЈА составен од
триесеттина врвни стари и млади Македонски музички уметници под диригентското раководство на маестро Иван Еминовиќ, уметничкиот координатор Сања Шуплевска и продуцентот Орце Ицковски ќе настапи со репертоар на легендарни мелодии придружувајќи извонредни гости како Сашо Гигов – Гиш, Давор Јордановски, Ристо Самарџиев, Андријана Јаневска, Горан Папаз, како и младите надежни вокалисти Мила Николовска, Теа Пејиќ, Васил Ангелов и Денис Димовски, најавуваат од “ПОЛИФОНИЈА”.