Сер Џејмс Пол Макартни, МБЕ (роден на 18 јуни 1942 година во Ливерпул, Англија) е англиски пејач и текстописец, еден од основачите и членовите на легендарните „Битлси (Beatles)“. Макартни, заедно со Џон Ленон го формирал едно од најуспешните и највлијателни кант-авторски дуа во музичката историја. По напуштањето на „Битлси“, Макартни започнал успешна кариера како солист и како член на групата која ја формира заедно со својата жена Линда Макартни – „Wings“, што значи крилја. Според критичарите најдобриот албум на сите времиња, Sgt Pepper, е негова замисла.
Жанрови кои ги изведувал:
-Рок
-Рокенрол
-Поп- музика
-Амбиентална музика
-Класична музика
Пејач, текстописец, музичар, уметник, активист
Инструменти: бас гитара, пијано, оргули, гитара, тапани, укелеле, ситар, мандолина
Години на активност:
од 1957 година до денес
Продукциска куќа/ќи
Hear Music
Parlophone Records
Capitol Records
Apple Records
CBS Records
EMI Music Group
Мрежно место
PaulMccartney.com
Макартни е запишан во Гинисовата Книга на Рекорди како најуспешен музичар и композитор во историјата на популарната музика, со преку 60 дискови кои имаат достигнато златен и тираж и со продадени повеќе од 100 милиони албуми и синглови. Неговата антологиска песна “Yesterday” е исто така дел од книгата како песна со најмногу обработки (ја препеале над 2.200 пејачи) и песна која е пуштена повеќе од 7.000.000 пати на американската телевизија и радио. Синглот на „Вингс“ од 1977 година “Mull of Kintyre” станува првиот сингл со повеќе од два милиони продадени копии во Велика Британија, и останува со епитетот најпродаван сè до 1984, кога песната “Do They Know It’s Christmas?”, на Band Aid избива на првото место. Пол Макартни е еден од членовите на оваа група.
Покрај своето делување во рамките на музичката индустрија, Макартни е исто така сликар како и бранител на животинските права, вегетаријанството, и музичкото образование; активен е во кампањите против мините, против ловењето на фоки како и против осиромашувањето на земјите од Третиот Свет. Макартни е Член на редот на Британската Империја (МБЕ) од 1965, а одликуван е со титулата витез во 1997 година, затоа и го нарекуваат сер Пол Макартни.
Детство:
Роден на 18 јуни 1942 година, во болницата Валтон во Ливерпул, Англија, каде неговата мајка Мери заврши училиште за медицинска сестра. Неговиот татко Џејмс бил отсутен за време на раѓањето на својот син, поради неговата волонтерска работа како пожарникар за време на Втората светска војна. Пол има еден помлад брат, Мајкл (роден на 7 јануари 1944).
Основниот носител на приходот во фамилијата била Мери, која работејќи како акушерка им овозможи да се преселат на улицата Фортхлин 20 во Алертон, каде живеат до 1964 година. Таа возеше велосипед до нејзините пациенти. Макартни опишал ран спомен од нејзиното заминување, ”околу 3 часот наутро улиците…покриени со снег”. На 31 октомври 1956, кога Макартни беше четиринаест, неговата мајка почина од емболија. Загубата подоцна беше причина за поврзувањето со Џон Ленон, чија мајка Џулија, починала кога тој бил седумнаесет.
Музичка кариера:
1957–1960: Кверимен
На 6 јули 1995 година, на 15 годишна возраст, го запознава Ленон и неговиот бенд “Кверимен”, во црквата Св.Петар во Волтон. Со овој бенд свиреа комбинација на рокенрол и скифл, еден вид на забавна музика со влијанија на џез, блуз и фолк. Бендот го поканил Макартни да им се придружи како гитарист за ритам и тој воспоставил близок работен однос со Ленон. Харисон се придружил во 1958 година како прв гитарист, а во 1960 година по него следел Стјуарт Сатклиф на бас, школскиот друг по уметност на Ленон. До мај 1960 година, бендот пробал неколку имиња, вклучувајќи ги и Битлси, Џони и Мундогс и Силвер Битлси. Тие го усвоиле името Битлси во август 1960 година и кратко пред 5-годишниот договор за престој во Хамбур го примиле тапанарот Пит Бест.
1960- 1970: Битлси
Неформално застапувани од страна на Ален Вилијамс, во 1960 година, во Хамбург, првото настапување на Битлсите беше серија на изведби. Во 1961 година, Сатклиф го напушти бендот и Макартни против сопствената желба, стана нивен басист. Битлсите за првпат снимаат професионално додека престојуваат во Хамбург, во чест на Бит Браќата, тие настапуваat како придружен состав на англискот пејач Тони Шеридан, за песната My Bonnie. Со овој настан тие го привлекуваат вниманието на Брајан Епштејн, клучна фигура во нивниот подоцнежен развој и успех. Тој станува нивен менаџер во јануари 1962 година. Ринго Стар го замени Бест во август и бендот во октомври го има нивниот прв хит “Love Me Do”, станувајќи популарен во Велика Британија во 1963 и една година подоцна во САД. Хистеријата на нивните обожаватели стана позната како “Битлманија”, а новинарите често го именувале како “слаткиот Битл”.
Во 1965 година Битлсите ја издаваат композицијата на Макартни “Yesterday”, која вклучува гудачки квартет. Вклучена на лонгплеј плочата Help!, ова беше првата песна на групата, која беше снимена со употреба на класични елементи и нивен прв запис кој вклучува само еден член од бендот. Песната “Yesterday”, е најобработуваната песна во историјата на забавната музика. Подоцна истата година, за време на студиските снимања на албумот Rubber Soul, Макартни почна да го заменува Ленон како доминанта музичка сила во бендот. Музиколот Иан Мекдоналд напиша “од 1965… Макартни ќе биде доминантен не само како тескстописец, но и како инструменталист, аранжер, продуцент и де факто музички директор. Критичарите го опишаа албумот Rubber Soul како значаен напредок во префинетоста и длабочината на музиката и текстовите на бендот. Она што се смета за највисока точка во каталогот на Битлсите е тоа што, Ленон и Макартни и двајцата тврдеа дека се главните автори на оваа песна. Малартни за албумот изјави “имавме добар период и сега дојде време да го прошириме. ”Техничарот за снимање, Норман Смит изјави дека средбите за Rubber Soul откриле знаци на зголемено недоразбирање внатре во бендот: “Конфликтот помеѓу Џон и Пол стануваше се поочигледен…(и) што се однесува до Пол, Џорџ Харисон не можеше да стори ништо, Пол беше премногу пребирлив.”
Првата од трите последователни А-страни на Мекартни, синглот “Paperback Writer” претходеше на издавањето на лонгплеј плочата. Битлсите направиле краток промотивен филм за оваа песна, и друг за неговата Бонус трака, „Rain“. Филмовите,опишани од страна на Харисон како, ”предвесници на видеа” се емитуваа на „The Ed Sullivan Show“ и „Top of the Pops“, во јуни 1966 година. Албумот „Revolver (албум)“ исто така ја вклучуваше песната „Eleanor Rigby“, чие обележје е жичениот октет. Според Гоулд, песната е неокласичен „tour de force“… вистински хибрид којшто не може да се поврзи со кој било препознатлив стил или жанр на песна. Со исклучок на некои придружни вокали, песната го вклучува само вокалот на Макартни и жиците аранжирани од продуцентот Џорџ Мартин.
Последниот комерцијален концерт на Битлсите беше на крајот од нивната турнека во САД, во 1966 година. Подоцна, истата година Макартни го заврши својот прв музички проект, без групата- којшто резултираше со британска продукција на филмот The Family Way. Резултатот беше соработка со Мартин, кој употреби две теми на Макартни, за да напише тринаесет варијации. Саундтракот не успеа да стигне до топ листата, но му ја донесе на Макартни наградата Ivor Novello Award за Најдобра Инструментална Тема.
На крајот на изведувачката кариера на бендот, Макартни почувствува неспокој во бендот и сакаше тиа да ја задржат креативната продуктивност. Тој инсистирал да започнат нов проект, „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“, којшто нашироко бил прифатен како првиот рок концертски албум. Инспириран да создаде уште еден личност за групата, да служи како возило за експериментирање и да им покаже на нивните обожаватели дека тие музички созреале, Макартни го измисли фиктивниот бенд на насловната песна на албумот.
Како што Макартни објасни „Навистина ни беше преку глава да бидеме Битлсите. Навистина го мразевме тој пристап со четирите мали „mop-top“.Не бевме деца, ние бевме мажи…и ние себеси се гледаме повеќе како уметници, отколку како само изведувачи.
Почнувајќи во ноември 1966 година, бендот усвои експериментален пристап за време на средбите за снимање на албумот. Според техничарот Геоф Емерик, Битлсите го прифатија ризикот, како музички така и соничен… ние употребувавме многу снимки со различна брзина и други манипулативни техники… ограничувачи и… ефекти како фленгинг и автоматско дупло снимање. Нивното снимање на „A Day in the Life“ наложуваше оркестар составен од четириесет души, со којшто диригираа Мартин и Макартни. Во февруари,на средбите ја создадоа двојната А- страна на песната „Strawberry Fields Forever”/Penny Lane“, додека лонгплеј плочата следуваше во јуни.Песната на Макартни, „She’s Leaving Home„ е оркестрална поп песна. Мекдоналд ја опиша песната како најдоброто дело од Sgt. Pepper –трајна, популарна уметност на неговото време. Врз основа на цртежот со мастило од Макартни, лонгплеј плочата вклучуваше и колаж создаден од поп артистите Питер Блејк и Јен Хаворт, вклучувајќи ги Битлсите во костуми, како стојат со познати личности, пред Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band.
Во август 1967 година, смртта на Епштајн, остави празнина, којашто ги остави Битлсите збунети и загрижени за нивната иднина. Макартни, истапувајќи да го пополни празното место, стана де факто водач и бизнис менаџер на групата, која некогаш ја водеше Ленон. Неговиот прв креативен предлог, после промената на раководството, беше предлогот бендот да продолжи понатаму со своите планови за продуцирање на филм за телевизија, кој требаше да стане Magical Mystery Tour. Според историчарот на, Битлсите, Марк Левисон, проектот беше “од почеток до крај административен кошмар”.
Главно Макартни го режираше филмот, којшто ѝ ја донесе на групата првата неповолна критичка реакција. Сепак, саундтракот за филмот беше поуспешен. Двојно проширениот компакт диск, со шест музички нумери, надополнет со пет од последните синглови на бендот беше издаден во Велика Британија и со идентичен наслов во САД. Единствената Capitol компилација, која подоцна беше вклучена во официјалните студиски албуми на групата, лонгплеј плочата Magical Mystery Tour оствари заработка од 8 милиони американски долари, во рок од три недели од објавувањето, повисока почетна продажба од која било друга Capitol лонгплеј плоча.
Во јануари 1968 година, продукциската куќа EMI ги снимаше Битлсите за промотивни рекламни инсерти, кои беа наменети за рекламирање на анимираниот филм Yellow Submarine, главно засновани на имагинарниот свет, кои се темелат на композицијата на Макартни од 1966 година. Иако критичарите му се восхитуваа на филмот за неговиот визуелен стил, хумор и музика и саундтрак, албумот, издаден седум месеци подоцна, доби помала ентузијастичка реакција. До крајот на 1968 година односите во групата се влошуваа. Тензијата растеше, за време на снимањето на The Beatles, попознат како White Album. Работите се влошија следната година, за време на the Let It Be сесиите, кога снимателите го снимаа Макартни како им држи предавање на групата: „Многу сме негативни откако почина Епштајн…секогаш се боревме против неговата дисциплина, но смешно е да се бориме против таа дисциплина, ако таа е лично наша“.
Во март 1969 година, Макартни се ожени со Линда Истман и во август двојката го доби своето прво дете, Мери, крстено по неговата покојна мајка. За последниот снимен албум на групата Abbey Road, Мартин упати на „парче музика кое постојано се движи“, наговарајќи ја групата да размислува симфониски. Макартни се согласи, но Ленон не. На крајот тие се согласија, согласувајќи се за предлогот на Малартни, лонгплеј плоча, која содржи одделни песни на една страна и долг сплет на втората страна.
Во 1970 година во екот на бизнис несогласувањата со членовите на групата, на 10 април, Макартни го најави своето заминување од групата. На 31 декември 1970 година, тој поднесе барање за формално распаѓање на групата. Следеа повеќе правни спорови, кога неговите адвокати, неговите сватови Џон и Ли Истман, го тужеа менаџерот на Ленон, Харисон и Стар, Ален Клајн за авторски права и креативна контрола. На 9 јануари 1975 година англискиот суд законски ги расформира Битлсите, иако сè до 1989 година постоеја споредни судски спорови против нивната издавачка куќа EMI, Клајн и меѓу нив.
По распадот на Битлсите, во 1970 година, Макартни ја продолжи својата музичка кариера со своето прво соло издание, „McCartney“, американскиот број еден албум. Освен некои вокални придонеси од Линда, албумот „McCartney“ е самостоен албум на Пол, самиот е одговорен за композициите, музичките инструменти и вокалите.
Во 1971 година, за вториот албум „Ram (албум)“ тој соработуваше со Линда и тапанарот Дени Сејвел, број еден албум во Велика Британија и американски топ 5, „Ram“ го вклучуваше американскиот број еден хит сингл „Uncle Albert/Admiral Halsey“. Подоцна истата година, поранешниот Moody Blues гитарист Дени Лејн, му се придружи на Макартни и Сејвел во формирањето на музичката група „Вингс“. Макартни го кажа ова на формирањето на групата: „Вингс“ отсекогаш беше тешка идеја…секоја група којашто го следела успехот на Битлсите би имала тешка работа….Јас самиот се најдов во таа позиција. Сепак, беше избор помеѓу продолжување или повлекување, а јас премногу ја сакав музиката за да помислам да престанам да се занимавам со неа. Во септември 1971 година, се роди Стела, ќерката на Мекартни, крстена во чест на бабата на Линда, по која беа крстени и двете Стела.
По додавањето на гитаристот Хенри Меклаф, првата концертна турнеја на групата „Вингс“ започна во 1972 година, со деби настапот пред пубилика од седумстотитини души на Универзитетот во Нотингам. Следеа уште десет датуми, како тие патуваа низ Велика Британија во комбе за време на ненајавената турнеја на универзитетите, при што бендот престојуваше во скромни сместувања и добиваше плата во железни пари, собрани од студентите, а за време на своите настапи не ги пееја песните на Битлсите. Низ Европа следуваше дваесет и пет неделна турнеја од дваесет и пет настапи, на која бендот настапуваше со материјал на „Вингс“, и соло материјал на Макартни, со исклучок на неколку обратботки, вклучувајќи го хитот на Литл Ричард, „Long Tall Sally“, единствената песна претходно снимена од Битлси, која Макартни ја изведуваше за време на турнејата. Макартни сакаше турнејата да ги избегне големите места за настапи, поголем дел од малите сали каде што настапуваа имаа капацитет, не повеќе од 3000 души. На првите две турнеи по распаѓањето на Битлси, Мекартни рече „Главната работа која не ја сакав беше да дојдам на сцена, соочен со целото измачување предизвикано од првите пет реда со новинарите со малите бележници, сите гледајќи во мене и зборувајќи, „Па, и не е толку добар колку што беше“. Па решивме да одиме на таа универзитетска турнеја, која ме направи помалку нервозен…на крајот на таа турнеја се почувствував подготвен за нешто друго, па отидовме во Европа.
Во март 1973 „Вингс“ го остварија својот прв американски број еден хит, „My Love“, кој беше вклучен на нивната втора лонгплеј плоча Red Rose Speedway, која во САД беше број еден, а во Англија во првите пет. Соработката на Пол со Линда и поранешниот продуцент на Битлси, Мартин, резултираше со песната „Live and Let Die“, која беше главна музичка тема за филмот за Џејмс Бонд,со исто име.Номинирана за Оскар, песната го достигна второто место во САД и број девет во Велика Британија. Исто така со оваа песна Мартин заработи Греми награда за неговиот оркестарски аранжман. Музичкиот професор и автор Винсент Бенитез, музичкиот запис го опиша како „најдобриот симфониски рок“.
Во 1973 година, по заминувањето на и Меклаф и Сејвил, Мекартни и Лејн го снимија албумот „Band on the Run“. Албумот беше првиот од седумте платински лонгплеј плочи на бендот „Вингс“. Албумот беше број еден во САД и Велика Британија, првиот број еден албумот на бендот и во двете земји и првиот којшто во три наврати, стигна до топ листите на списанието „Billboard“.Еден од најдобро продаваните изданија на оваа деценија, албумот остана на топ листите во Велика Британија 124 недели. „Rolling Stones“ го нарекоа албумот Албум на годината за 1974 и во 1975 година тој доби Греми награди за Најдобар Современ/ Поп Вокал и Најдобро Осмислен Албум. Во 1974 година, „Вингс“, го оствариле својот втор американски број еден сингл со насловната нумера. Албумот исто така ги вклучуваше топ тен хитовите „Jet“ и „Helen Wheels“ и го достигна 413 место на Rolling Stones списокот на 500 Најдобри Албуми на Сите Времиња.
Она што следуваше по Band on the Run беа албумите „Venus and Mars“ (1975) и „Wings at the Speed of Sound“ (1976), албуми кои го достигнаа врвот на топ листата. Во 1975 година групата ја започна четиринаесет- месечната „Wings Over the World“ турнеја, која вклучуваше посети на Велика Британија, Австралија, Европа и САД. Турнејата го одбележа првото настапување на Мекартни со песни од Битлси, во живо со „Вингс“, пет песни за време на двочасовната листа: „I’ve Just Seen a Face“, „Yesterday“, „Blackbird“, „Lady Madonna“ и „The Long and Winding Road“. По вториот европски дел од турнејата и долгите проби во Лондон, групата започна амбициозна турнеја во арената во САД, којашто ја донесе американската трикратна број еден лонгплеј плоча во живо, „Wings over America“.
Во септември 1977 година, Макартни го доби третото дете, син кој го крстиле Џејмс. Во ноември,песната на групата „Вингс“, „Mull of Kintyre“, заедно напишана со Лејн, за кратко време стана еден од најдобро продаваните синглови во историјата на англиската топ листа. Најуспешниот сингл од соло кариерата на Мекартни „She Loves You“, заработи двојна продажба од претходниот рекордер и продолжи продава 2.5 милиони копии и го задржа рекордот на продажба во Велика Британија сè до добротворниот сингл во 1984 година „Do They Know It’s Christmas?“
Синглот „With a Little Luck“, од албумот „London Town“ (1978), стана број еден американски сингл и најпродаваната лонглплеј плоча на групата „Вингс“, по албумот Band on the Run, достигнувајќи меѓу првите пет и во САД и во Велика Британија. Критичката реакција беше неповолна, и Макартни изрази разочарување за албумот. Албумот „Back to the Egg“ (1979) ja вклучуваше соработката на Макартни со супер рок групата „the Rockestra“. Успехот на „Вингс“ беше заслуга на Пит Тауншенд, Дејвид Глимор, Гери Брукер, Џон Пол Џоунс и Џон Бохам. И покрај потврдената платина, критичарите го критикуваа „Back to the Egg“. „Вингс“ ја завршија својата последна концертна турнеја во 1979 година, со дваесет настапи во Велика Британија, кои ги вклучуваа деби изведбите на песните од Битлси „Got to Get You into My Life“, „The Fool on the Hill“ и „Let it Be“ во живо.
Во 1980 година Мекартни ја издаде својот втора соло лонгплеј плоча, сопствена продукција Мекартни II, која го достигна првото место во Велија Британија и третото во САД. Како и со својот прв албум, тој го создаде и изведе сам. Албумот ја содржеше песната “Coming Up”, верзијата во живо од бендот „Вингс“, снимена во Глазгов, Шкотска во 1979 година, која стана последниот број еден хит на групата.
До 1981 година, Макартни сметаше дека целата негова креативна работа со бендот „Вингс“ ја има постигнато и реши дека му е потребна промена. Бендот се распушти во април 1981 година, по што следеа несогласувања околу авторските права и плати…
Извор: Википедија