Министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на ТАВ констракшнс, Фатин Кан и претставници на Националниот џез оркестар, утре (14.03 2024) ќе извршат увид во почетокот на реновирањето на просторот доделен на НУ Национален џез оркестар, кој се наоѓа во подрумскиот дел на Националната опера и балет (стара Килимара).
Просториите со одлука на Владата се доделени на трајно користење на Националниот џез оркестар.
Адаптацијата е овозможена со среедства од ТАВ програмата и дел од Министерството за култура од каде што е обезбеден и проектот за реновирање.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.