12.11.2024, Мадрид
Почна евровизиската недела на Детска Евровизија 2024 година. 22. издание на Детска Евровизија, ќе се одржи на 16 ноември 2024 година во салата Caja Mágica во Мадрид, Шпанија.
Учествуваат преставници од 17 земји, меѓу кои и С.Македонија. Оваа година на натпреварот се вратија Кипар и Сан Марино, а од учество се откажа Велика Британија.
На 14. февруари 2024 година беше објавено дека натпреварот ќе се одржи во Шпанија – тоа ќе биде првиот натпревар од 2018 година кој нема да се одржи на територијата на претходната победничка земја, бидејќи минатата година во Ница, Франција, меѓу преставници на вкупно 16 земји, победи Зое Клаузур со песната „Coeur“ (Срце) од Франција, која заврши на врвот со вкупно 228 бодови.
На прес-конференцијата за Детска Евровизија 2024, одржана на 10. мај, објавено беше дека натпреварот ќе се одржи во Мадрид на сабота, 16 ноември.
На 3. септември 2024 година, Европски радиодифузен сојуз објави дека слоганот на натпреварот ќе биде “Let’s Bloom”. Ана Марија Бордас, директорка во радиодифузерот RTVE и извршна продуцентка на Детска Евровизија 2024, ја објасни идејата зад оваа тема: „Размислувавме за концепт кој се одразува на идејата за млади уметници кои расцутуваат кон иднината, во која можат да бидат свои и слободно да се изразуваат на здрав, безбеден и разновиден начин. Целта е да им се помогне да расцутат и да се развиваат, останувајќи свои.”
На 12 септември 2024 година беше откриено дека водители на натпреварот ќе бидат пејачката Рут Лоренцо, актерот Марк Клотет и претставничката на Шпанија на Детска Евровизија 2019 во Полска, Мелани Гарсија.
Фестивалот можете да се гледа преку ТВ преносот на МРТВ од 18 часот по европски време, или во живо на официјалниот канал на YouTube.
Од нашата земја учествуваат Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13) ученици во ОУ “Даме Груев “ од Битола, со песната “Маратон”.
Ана и Алексеј беа избрани на интерна аудиција организирана од МТВ. Ќе ја изведат песната „Маратон “ со реден број 7, чиј композитор е Лазар Цветковски, а текстот е на неговата сестра Магдалена Цветковска. На повеќе локации снимен и е спот во продукција на МРТ.
На 16 ноември на платото на Офицерски дом од 18 часот во Битола ќе има организирано следење во живо на „ Детска Евровизија 2024 “.
Што се однесува до Гласачкиот систем, секоја држава/жири доделува гласови по евровизиски принцип 12, 10, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2, 1 бод.
Супервизор е Мартин Остердал.
Учесници:
1. Италија Симоне Гранде “Pigiama Party, италијански, англиски
2. Естонија Annabelle “Tänavad”, естонски
3. Албанија Никол Чабели “Vallëzoj”, албански
4. Ерменија Лео “Cosmic Friend” ерменски, англиски
5. Кипар Марија Писариди “Crystal Waters”, грчки, англиски
6. Франција Титуан “Comme ci, comme ça”, француски
7. Македонија Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски “Маратон” македонски, англиски
8. Полска Доминик Арим “All Together” полски, англиски
9. Грузија Андрија Путкарадзе “To My Mom”, грузиски
10. Шпанија (земја домаќин) Chloe DelaRosa “Como la Lola”, шпански
11. Германија Бјарне “Save the Best for Us” германски, англиски
12. Холандија Stay Tuned “Music” холандски, англиски
13. Сан Марино Idols SM “Come Noi”, италијански
14. Украина Артем Котенко “Hear Me Now” украински, англиски
15. Португалија Викторија Никол “Esperança”, португалски, шпански
16. Ирска Enya Cox Dempsey “Le chéile”, ирски
17. Малта Рамирес Скиберас “Stilla ċkejkna”, малтешки
🇮🇹 Italy: Simone Grande – Pigiama Party
🇪🇪 Estonia: ANNABELLE – Tänavad
🇦🇱 Albania: Nikol Çabeli – Vallëzoj
🇦🇲 Armenia: Leo – Cosmic Friend
🇨🇾 Cyprus: Maria Pissarides – Crystal Waters
🇫🇷 France: Titouan – Comme ci comme ça
🇲🇰 N. Macedonia: Ana & Aleksej – Marathon
🇵🇱 Poland: Dominik Arim – All Together
🇬🇪 Georgia: Andria Putkaradze – To My Mom
🇪🇸 Spain: Chloe DelaRosa – Como La Lola
🇩🇪 Germany: Bjarne – Save The Best For Us
🇳🇱 Netherlands: Stay Tuned – Music
🇸🇲 San Marino: Idols SM – Come Noi
🇺🇦 Ukraine: Artem Kotenko – Hear me now
🇵🇹 Portugal: Victoria Nicole – Esperança
🇮🇪 Ireland: Enya Cox Dempsey – Le Chéile
🇲🇹 Malta: Ramires Sciberras – Stilla Ċkejkna
Валентина Ѓоргиевска Парго уредничка во КулАрт
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.