Петар Саркањац со бендот “Бејби Вуду Ејлиенс” од Бостон објавија нова песна

29.11.2024

Петар Саркањац е автор на песната Me acuerdo de tí.

Петар со “Вуду Бејби Ејлиенс” (Voodoo Baby Aliens) во Бостон ја издаде песната „Me acuerdo de tí“ (“Се сеќавам на тебе”), која ја напишал на шпански и ја пее заедно со Махја Хамеди од Иран.

Петар сега подготвува прв соло албум кој би требало да излезе во почетокот на 2025 година.

“Вуду Бејби Ејлиенс” е бостонски бенд составен од 11 членови со музичари од 8 земји.

Луѓето кои учествуваат во песната се:

Петар Саркањац- композиција, текст, аранжман, вокал и соло гитара.

Махја Хамеди- вокали

Павле Звекиќ- пијано

Али Тахир- гитара

Јаков Наумоски- гитара

Андерсон Мирафзали- бас гитара

Вилем Јохемс- тапани

Хуан Саус Руис- алто саксофон

Јувал Агам- тенор саксофон

Тино Ердош- тромбон

Џои Ду Буа- труба

Метју Елард – снимател на звук (соработувал со Тина Тарнер, Џон Карпентер, Моторхед, Лиам Галагер)

Песната веќе оди на Spotify.

Петар Саркањац е роден во Скопје 2000 година. Дипломирал на композиција, аранжирање и продукција на престижниот Беркли (Berklee College of Music) во Бостон, САД и со оваа песна ја започнува својата меѓународна музичка кариера.

 

 

и на Google Drive како .wav фајл.

https://drive.google.com/file/d/1cZJYuqF4mMwIA

TNgvM5fejbmK72KOaQz/view?usp=drivesdk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.