Тоа е веста која евровизиските фанови ја чекаа. “Douze points” објави дека Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и Би-Би-Си потврдија дека Изборот за песна на Евровизија во 2023 година ќе биде во Обединетото Кралство во име на овогодинешниот победнички радиодифузер, Украина UA:PBC.
Тим Дејви, генерален директор на БиБиСи, го кажа ова: „Да се бара да бидеме домаќини на најголемиот и најкомплексен музички натпревар во светот е голема привилегија. Би-Би-Си е посветена да го направи настанот вистински одраз на украинската култура заедно со прикажување на различноста на британската музика и креативност“.
Минатата година победи “Калуш оркестар” од Украина а второпласиран беше британецот Сем Рајдер. Поради војната нема услови да се одржи евровизијата, во победничката земја. Британија досега осум пати ја има(ше) честа да биде евровизиска земја.
Валентина Ѓоргиевска Парго